Разговорите се одржаа на космодромот Бајконур во Казахстан. Она што може да се смета за пресвртен момент во идното истражување на вселената е што двете агенции одлучија да ги унифицираат своите стандарди и системи за вселенските програми.
Пред преговорите МВС требаше да згасне на 2020-та година, рок кој и онака веќе беше неколку пати продолжуван.
Освен новата станица следно нешто што двете агенции треба да договорат е заедничка мисија на Марс.
На договорот му претходеше успешното лансирање на вселенското летало Сојуз, кое во саботата пристигна на МВС. Во леталото беа Русинот Михаил Корниенко и Американецот Скот Кели кои една година ќе минат на МВС, а третиот патник, рускиот космонаут Генадиј Падалка ќе се врати за 6 месеци. Ова е првиот обид на НАСА да испрати човек на 1-годишна мисија. До сега 4 Руси минат една година или повеќе на МВС.
Во врска со критиките дека НАСА повеќе не финансира мисии во блиската орбита, директорот на НАСА, Чарлс Болден, објасни дека моментално тие работата на "комерцијализација на патувањето во вселената."
Делови и функции на сегашната ИСИС (клик за поголема верзија):