СМС пораки: врска и брак

За прва годишнина на врска, девојката добива ворд документ со сите смс пораки што си ги испратила со дечкото (ова е 2008-ма и навистина се смета за подвиг). За 6-та годишнина (веќе во брак) таа на партнерот му прави компаративна анализа на сите пораки што си ги испратиле во врска и во брак.

Додека се во врска, кај нејзе (девојката работи со обработка на податоци) преовладува зборот "hey" а кај дечкото најспоменуван е "home," кој има сосема мала предност пред "love." 6 години подоцна, во брак, кај сопругот "home" останува број еден збор, со далеку поголема предноста пред сите останати, додека кај нејзе доминира "OK". И кај двајцата "love" речиси и да го нема.

 

Во однос на фреквентноста, кога си во врска "hey," името на партнерот и "love" доминирале, а во брак тоа биле "dinner" и "ok." На "home" се прекршувал преминот од врска во брак.

Затоа што девојката правела доволно голем број на анализи, и текнало да воведе и уште една варијабла во пресметките, па проверува во кој контекст се користат зборовите, и во основа секое "love" не е исто кажано.

Разликата меѓу двата стадиума се гледа и во периодот кога се испраќаат пораките, што таа го објаснува со тоа дека кога веќе сте заедно се губи потребата да си пуштате пораки доцна навечер, и дека сега пораките се многу повеќе поврзани со корист (купи ова, земи ме од работа и сл.).

 

 

"Се на се нашите пораки започнаа со флерт и беа многу лични. Како што напредуваше врската, трошевме се повеќе и време заедно и станавме се поудобни еден со друг, па нашите пораки станаа доста предвидливи, ама само затоа што непредвидливите работи си ги кажувавме во живо. Повеќе не си испраќаме 'те сакам' затоа што можам сред ноќ да се свртам да го гушнам маж ми и да му го кажам ова," ја завршува Алис Жао својата анализа.

22 октомври 2014 - 10:09