Норман работи на Адидас микоуч (Adidas micoach) уредите за носење и софтверот што доаѓа со нив, а потоа прави анализа на сите податоци кои ќе ги добие од ова. Германската репрезентација ги носи овие уреди на секој тренинг пред првенството за Норман и неговата екипа да имаат податоци од типот: кој колку брзо трча, колку истрчал, отчукувања на срцето и слични информации за секој играч.
Благодарејќи на ова тие ги имаат сите податоци за перформансите и способностите на секој играч, што потоа селекторот ги користи за да ги планира следните тренинзи на секој играч посебно и за да носи "кадровски" одлуки околу првиот тим и замените.
Горниот графикон е извештај за перформансите на играчите на тренинзите со интервали. Двајцата заокружени со зелено се играчи кои се резерви во германската репрезентација. Тој со подобрите резултати од овие двајца, од десно, е Марио Геце. Ова е еден од факторите заради кои Лев одлучува него да го стави во игра во финалето за да го крене темпото на репрезентацијата.
"Јасно е дека има напорна работа, пасија, солзи и пот, и дека не е сè околу технологијата. Ама исто така нема негирање на фактот дека имаме одличен пример за тоа како технологијата помогна најдобрите меѓу најдобрите да бидат број еден во светот," објаснува директорот за производи на Адидас, Сајмон Драбел.