По големина и тежина е речиси половина помала од Хиро4, има само 2 копчиња, изгледа многу подискретно и чини 400 долари, слично колку и регуларната верзија.
Страните и се по 3,5 сантиметри, и тежи 65 грама. За да ги постигне овие димензии Сешн мора да се откаже од ЛЦД монитор и целото управување и подесување се врши преку ГоПро апликацијата за смартфони или преку ВиФи далечинското.
Камерата може да снема 1440p на 30 кадри во секунда, 1080p на 60, или 720p на 100 кадри во секунда. Батеријата држи 2 часа снимање на 1080p.
Токму квалитетот на видеото и фотографиите е една од најголемите забелешки на новиот модел, кои се послаби отколку она што го вади Хиро4. Продажбата на новиот модел почнува на 12-ти јули.
Еве рецензија: