Нема Ајфон како Ноуфон

Последната алтернатива на Ајфонот нема батерија, нема камера и хеј -  нема телефон! Ваквиот ултра паметен дизајн е смислен да ви помогне да се конектирате со вистинскиот свет.

Целта на Ноуфонот е да им даде шанса на луѓето да престанат да си ги упропастуваат средбите со други луѓе и концертите на кои се наоѓаат или да се судираат меѓусебе додека пишуваат пораки по тротоари. А сепак при себе секогаш да имаат парче пластика кое ќе ве потсетува дека секој телефон е сепак парче пластика.

Креаторите веќе собраа 8.000 долари на Кикстартер иако бараа само 5.000.

Во конечната верзија Ноуфонот ќе доаѓа со огледалце на предната страна, за да може да се прават селфија во реално време. Вербални команди (кои никој нема да ги слуша) се даваат како и во други случаи, со синхронизирање на мозокот со гласните жици. 

"Со NoPhone, моите вештини за очен контакт со други лица се зголемија за 73 проценти", "тврди" одушевен корисник.

"Благодарејќи на овој телефон, цела недела му се немам јавено на бившиот на пијано", вели друга.

Доколку сте сомничави кон ваквите сведоштва, еве ги и спецификациите:

 

27 октомври 2014 - 12:56