Консултантската компанија Смарти Пантс прави 3-месечна студија на темата, и заклучокот им е дека за децата Ајапдот е "се' во едно" дигитална алатка.
"Децата се повеќе го користат Ајпадот за игри, тв серии, видеа, книги, помош во домашната работа и комуникација со пријателите и семејството," објаснува претседателката на Смарти Пантс, Вејн Тајри.
Во студијата биле анкетирани 6.661 дете и нивните родители, кои требале да го дадат своето рангирање за 256 брендови од 20 категории.
По бројки брендовите биле рангирани од 0 до 1.000. Ајпад добил 898 поени, на второ се чоколадите Херши со 894, по нив Орео со 885, па М&М со 883, Доритос со 868, Читос со 864, а Скитлс и Дизни имаат по 858 поени.
Останати на списокот се:
- ЈуТјуб 852
- Микрософт Иксбокс 850
- Лејс (чипосови) 847
- КитКат и Никелодеон 846
- Крејола (мрсни боици) 842
- Мекдоналдс 839
- Нинтендо Вии 838
- Ајпод 836
- Ајфон 830
- Тојс ар ас 830
- Епл 829