Меѓу текстовите е најавата за екрани/монитори на виткање, "пластичните транзистори може да ја променат формата на преносните компјутери... Без разлика дали подвижна мапа за вашиот автомобил или компјутер со големина на кредитна картичка, пластичните полупроводници можат да доведат до некои возбудливи нови производи."
Претставување на OS/2 Warp, пропаднатиот оперативен систем на АјБиЕм за домашни корисници. Рекламата објавена на 2 страни го промовира оперативниот систем како "32-битен, мултитаскинг, мултимедија, приклучлив на интернет, заштитен од паѓања, Виндоус - френдли, лесен за инсталирање, тотално кул начин за работа на твојот компјутер." И е достапен за под 90 долари.
Тошиба ноутбук со 75 мегахерци. Како ви звучи лаптоп од 2,8 килограми, со хард-диск од 772 мегабајти и 8 мегабајти РАМ? Како ви звучи ова за 7.495 долари, со батерија што држи 2 часа?
Kodak DCS 420 Camera: Say Cheese And Forget About Film. Овој ѕвер од 1,5 мегапиксели, тежи над 1,6 килограми и во него има хард-диск од 105 мегабајти. Цена - 10.995 долари. Кодак има и модел од 6 мегапиксели за 27.995 долари.
Најава (за тогаш) најголемиот компјутерски саем Комдекс. Новитетите што од ПиСи Маг очекуваат дека ќе ги видат на саемот се: принтер од 450 грама, лаптоп од Зенит под 1,5 килограм "кој ќе ви дозволи да работите секаде во канцеларијата и да останете врзани на мрежата" и заслепувачки брза етернет технологија од 100 мегабити во секунда.