Објаснувањето на колегата е дека имал правило дека под никакви услови да не го допре мобилниот кога е во присуство на други.
Искуството од седмичниот пост од мобилни, Аџа Фрост го сведува на три точки.
1. Луѓе ме копираат
"4 часа работев со една колешка на завршување на еден многу важен проект. Беше неверојатно тешко, ама цело време го чував телефонот во џеб. И во најголемиот дел од времето и таа не го извади мобилниот.
Конкретната колешка е прилично активна на социјалните медиуми, и бев изненадена што толку се воздржуваше.
Меѓутоа во текот на седмицата истото ми се повторуваше и кај други луѓе."
Една од последиците на ова е што проектот го завршуваат многу побрзо, затоа што немаат пречки од мобилните и можат подобро да се сконцентрираат на работата. Плус открива дека не е посебно страшно ако подоцна одговориш на некој меил.
2. Луѓето повеќе сакаат да зборуваат со мене
Експериментот го почнува без да му каже на никого, затоа што сака да види како луѓето природно ќе реагираат.
Прво нешто што другите забележуваат е дека таа им посветува внимание "не само што не скролав на телефонот, додека им климам со глава, туку не ни помислував да го проверам телефонот."
На ова луѓето реагираат со поголема вклученост во разговорите, "кога разговаравме нешто општо, тие повеќе се смешкаа и се смееа. Дури и забележав дека луѓето наместо само да ме поздрават во ходник, тие ќе застанеа да ме прашаат на кој проект работам или какви планови имам за викендот."
3. Луѓето повеќе ми веруваа
И според студии користење на мобилен додека си со некого те прави помалку доверлив. Плус, дури и да имаш телефон во видно поле штети на врската, без разлика дали го проверуваш или не.
"Наспроти ова, заклучокот е дека тргањето на телефонот ќе помогне во продлабочување на вашите врски."