Прво Куба ја промовираше својата Линкукс варијанта Нова а потоа и Северна Кореја промовираше свој наречен "Црvена ѕвезда".
Декстопот е сличен на оној на Микрософт со тоа што копчето старт е симбол на црвена ѕвезда а инсталациониот диск вклучувал и по некој цитат од Ким Јонг Ил.
Првите детални западни рецензии на системот велат дека тој е отворен колку што е отворена државата која го направила.
Не само што удира штембили на фајлови за да се следи кој тоа шири непријателски материјал, оперативниот систем "Црвената ѕвезда" е исклучително параноичeн во врска со нејзините модификации, што е најдрагоцениот елемент кај Линукс. Има екстра заштита околу клучните фајлови и инстантно го рестартира компјутерот ако забележи обид за нивна промена.
Ништо во тој оперативен систем нема надворешно, вклучувајќи го и анти-вирусниот програм и понудениот браусер кои упатуваат на внатрешни сервери. Се разбира дека и за енкрипцијата на податоците ич се немало доверба во други страни па системот е custom-developed, со желба да се спречат странски сили да буричкаат наоколу.
"Оперативниот систем на Северна Кореја е пријателско потсетување дека софтверот со отворен код автоматски не е гарант на слободата - тој мора и да биде напишан во духот на слободата", пишува Engadget.