Во однос на Тим Кук, позитивно е што:
"Тим Кук ги препознава вработените на Епл и корисниците на Епл како вистински луѓе. Тој продолжува со силната традиција по која беше познат Стив Џобс за создавање добри производи кои им помагаат на луѓето да прават работи што сакаат да ги направат, и не ја носи компанијата во правец на 'ќе правиме пари од тоа што ве знаеме какви сте и знаеме како да ви рекламираме.'"
Забелешката за Кук е:
"Малку сум загрижен што со Епл часовникот влегуваме на пазарот на накит каде купуваш часовник меѓу 500 и 1100 долари врз основа на тоа колку мислиш дека си битен како човек. Единствената разлика кај сите тие часовници е ремчето. Дваесет часовници од 500 до 1100 долари. И ремчето е единствена разлика? Тоа не е компанијата што Епл беше, или компанијата што толку многу го промени светот."
На страна од ова Кук ја има комплетната поддршка од Возниак за сè останато.
Во однос на целата ситуација со натегањето меѓу ФБИ и Епл, Возниак објаснува:
"Од почетокот на целиот мој живот со компјутерите, развив став дека движењето кон нови, подобри технологии - како Мекинтош компјутерот, како екранот на допир на Ајфон - го прави човекот поважен од технологијата. Ние не моравме да го промениме нашиот начин на живот. Па човекот стана многу важен за мене. А како да претставиш што е човештвото?
Низ глава имам многу работи, некои многу посебни луѓе во мојот живот за кои не зборувам, од минатото, кои многу ми значеле. Овие мали работи што ги чувам во глава се мали тајни. Тие се дел од мојот важен свет, од сржта на моето постоење. Исто така верувам во искреност. Ако некому речеш 'нема да те шпионирам' или 'ти давам одредено ниво на приватност, и нема да ти проверувам по шкафови,' тогаш треба да го одржиш тоа ветување и да бидеш искрен. А јас секогаш пробувам да се воздржам од душкање наоколу, и ретко кога можеме да погледнеме наназад и да кажеме 'Како луѓето треба да бидат третирани?' а не 'Како полицијата може да управува со сè?'
Јас сум израснат во време кога се сметаше дека во комунистичка Русија под Сталин секој секого шпионира, секој е следен, и заради која било најмала работа можеш да завршиш во затвор. Ние ја имавме нашата Декларација на правата. И таа ми е драга. Декларацијата на правата вели дека одредени лоши луѓе нема да можат да направат одредени лоши работи бидејќи ние ги штитиме луѓето да живеат како луѓе.
Па, јас доаѓам од страната на личните слободи. Ама тука исто така има и други проблеми. До сега два пати во животот сум напишал работи кои би можеле да бидат и вирус. Веднаш го фрлив и последното парче код од нив. Морници ми минуваа. Опасно е, опасно е, и ако се напише некој код кој ќе им дозволи на луѓето да влезат во Епл производите, тогаш лошите луѓе многу веројатно ќе го најдат овој пат и ќе влезат."
Каков ти е односот со Епл откако си замина во 1985-та? Дали ти е дозволено да одиш таму и да се гледаш со колегите со кои некогаш си работел или си само аутсајдер?
"Очигледно е дека Епл е важен дел од мојот живот, и тоа е така без разлика што би правел јас на страна.
Кога си заминав во 85-та, беше исто како и кога си заминав во 81-ва, јас останав како вработен на платниот список. Добив писмо од Епл во кое ми посакуваа среќа понатаму. Стоев пред табла и им покажав што ми е намерата да создавам како производ, и апсолутно немаше конфликт. Сакам да живеам живот во кој на сите им се допаѓам. Едноставно не сум лош. Ако некој е лош со мене, јас пак сум добар со нив.
Некако израснав со овие вредности кои изгледаат некако неверојатно, па секогаш бев во добри односи со Епл и секогаш ме сакаа, и секогаш сум добредојден. Секогаш кога посетував, Стив Џобс гледаше да имам значка за пристап до која било зграда во комплексот. Не ја користев многу, ама можам да одам. Единствен проблем ми е што одма се собираат луѓе околу мене."
Повеќе прашања тука