Во еден период од денот обновливите извори снабдуваат 55 гигават часови од 63-те што биле трошени во моментот. Неочекуваното производство од обновливи извори неколку часа ја спушта цената на струјата на негативно ниво.
Главен проблем со изненадувањето од неделата е што електричниот систем на земјата и понатаму е премногу ригиден, па снабдувачите не можат доволно брзо да се адаптираат на состојбата. Иако електраните на гас за кратко време се исклучени, кај нуклеарните и термо електраните не може вака брзо да се реагира, па тие продолжуваат со работа и покрај вишокот енергија. Ова ги доведува производителите во ситуација неколку часа да мораат да плаќаат за продавање електрична енергија, додека индустриските потрошувачи како рафинериите или топилницата заработувале пари од трошењето струја.
За минатата година пресметка е дека обновливата енергија во просек учествува со 33% во вкупното снабдување на Германија со струја. Запрепастувачкото ниво годинава само беше зголемено со стартување на нови погони за производство на струја од ветер.
Германија планира до 2050-та да достигне 100% снабдување со струја од обновливи извори. Во исто време Данска во одредени периоди веќе генерира повеќе струја отколку што троши, па вишокот го извезува во Шведска, Германија и Норвешка.