Од рециклирањето стари Мекинтоши и Ајфони, Епл вади над 27000 тони железо, алуминиум, стакло и други материјали. Меѓу овие други материјали, тие собираат и 997 килограми злато.
По сегашната цена на златото, ова би изнесувало нешто над 39,5 милиони долари.
Процената е дека просечен смартфон содржи околу 30 милиграми злато, од кој најголемиот дел е во матичната плоча и внатрешните делови. Оваа количина треба да се помножи со милиони рециклирани Ајфони и компјутери. Доколку по некоја основа во купот за рециклирање завршил и некој од златните Епл часовници, тој би придонел со околу 50 грама 18-каратно злато. (Иако е малку веројатно дека некој купил Епл часовник за 10.000 долари, па за помалку од година дена го вратил во Епл на рециклирање.)
Ова се материјалите што Епл ги има извадено минатата година (мерките се во фунти):
Конан верзијата за настанувањето на златниот Ајфон: