Техничките спецификации на Нула1 се 1.000 коњски сили, од 0 до 100 под 3 секунди, има четири мотори (по еден за секое тркало), a максимална брзина му е 322 км/ч. Освен ова, замислен е како паметен автомобил кој ги следи и учи преференциите на возачот.
Целата спектакуларност на автомобилот е проследена со подеднакво разочарување од нивниот план за производство, според кој ако сè оди по најдобар ред првите автомобили ќе се појават на улица во 2020-та. Автомобилот што го преставија на ЦЕС е концепт и не може да се управува.
Според луѓето од Фарадеј Фјучур, целта на концептот е да ја покаже визијата за дизајн и инженерската платформа на автомобилот.
Она што гарантирано ќе се појави и во верзијата која ќе оди во производство е Variable Platform Architecture (VPA), модуларниот систем кој во основа е "шасија налик скирол која лесно може да биде адаптирана со промена на должина и ширина на шините и останатите делови од структурата." Инженерите на компанијата имаат развиено и поинаква структура на батериите, кои се поставени во редови, што компанијата ги води како "низи." Со додавање и отстранување на низи, ќе може да се промени и капацитетот на батериите.