Па така изминативе месеци излегоа автентични дипфејк порно видеа со актерки како Гал Гадот, Скарлет Јохансон и Дејзи Ридли.
Како што објаснува авторот на видеото за Гал Гадот, софтверот што се користи се базира на повеќе библиотеки од слободен софтвер. За да се состави ликот на ѕвездата што ќе ја користат тие собираат нејзини фотографии од Гугл, сток фотографии и Јутјуб видеа. Алгоритамот за длабоко учење потоа ги проучува овие фотографии и конкретното порно видео, и по „доволно тренинг“ тој почнува да го мести новото лице на телото на некоја порно-ѕвезда низ целото видео.
Потоа целиот овој процес беше олеснет откако беше направена апликација која бара многу помалку знаење отколку „пионерските чекори“ за да направиш дипфејк видео (доколку го имаш потребниот хардвер). Апликацијата Фејкап, се базира на Тенсорфлоу, истиот систем што вработените на Гугл го користат за вежбање на алгоритми како да создадат слики од нула.
Како што технологијата и обидите почнаа да се шират и да стануваат се повешти и поуверливи повеќе социјални мрежи забранија објавување на дипфејк видеа. Меѓу нив имаш од Твитер и Гфикат, до Порнхаб и Редит.