На вработен во финансии во една голема мултинационална компанија во Хонгконг не му е јасно што има спорно со тоа што директорот му рекол да исплати 25 милиони долари на една сметка и тој го направил тоа. На директорот не му е јасно кој тоа рекол да се исплатат 25 милиони долари.
А Канје камионџијата, Бред Пит, Џим Кери и Шварценегер битангите што го пресретнаа Терминатор, и Вилијам Дефо како Сара Конор. Плус Закерберг, Трамп и уште неколку. За да нема „што ако“ има дипфејк.
Диор пред нешто повеќе од една година извади една боговски велелепна реклама за Ж'Адор парфемот, со Шарлиз Терон во главна улога. Годинава имаме (дипфејк) римејк на рекламата кој никој не го побара, со Мистер Бин во главна улога. Ужас.
Екипата е составена за потребите на американските избори 2020, и треба да им помогне на останатите новинари на медиумот да не наседнат на некој потенцијален дипфејк што би се појавил во овој период.
Реалноста е дека на човек ова и да му малку сомнително на почеток, за некое време ќе препознае дека станува збор за монтажа. Реалноста исто така е и дека, апликациите за дипфејк монтажи и нивната верност со оригиналот само ќе напредуваат како што минува времето.
„Дипфејк“ е синоним за видеа во кои лицето на еден човек дигитално е монтирано на телото на друг човек, и во прво време ова беше повеќе „заземање на домејнот“ отколку што воопшто постоеше некое видео кое може барем на момент да прелаже човек. Последниве месеци сето ова се смени откако почнаа да кружат програми кои речиси автентично ги менуваат главните ликови во цели видеа, и ова претежно беше искористено во порно.