Членовите на екипата се луѓе од медиумот кои им се 24/7 на располагање на новинарите што не се сигурни дали некоја содржина била дигитално манипулирана. Ловците имаат и пишан водич за тоа што точно треба да бараат во својата работа, а по завршувањето на прегледот на сомнителна содржина нивна задача е и да напишат извештај за што детали откриле.
За сега дипфејк видеата се тераат многу искрено, и главно се дел од истражувачки проекти (колку и што може вештачка интелигенција да направи) или дело на луѓе кои сакаат да ја покажат својата вештина на темата, притоа видеата се очигледно обележани како дипфејк или се гледа дека се такви.
До сега меѓу 120 и 150 новинари на Вол стрит журнал ја имаат минато обуката за откривање на дипфејк видеа, а тимот за истражување и развој на медиумот постојано следи нови алатки за откривање на дипфејк. За сега обуката не е задолжителна.