Она по што трга Хорн е да види колкава е издржливоста на чиповите на Интел за да провери дали тие ќе можат да се справат со посебно напорните пресметки од еден код што тој го има создадено. За ова тој почнува да ги чита илјадници страни долгите упатства на Интел за нивните чипови.
Хорн конкретно се задлабочува во изучување како чиповите се справуваат со спекулативно извршување (техника за забрзување на работата во која процесорот пред време предвидува кој дел од некој код ќе треба да го изврши и почнува пред време да ги спроведува тие чекори). Она што тој го сфаќа од упатствата е дека ако некој чип направи погрешно предвидување, податоците од ова погрешно предвидување ќе бидат запишани во меморијата на чипот. Нешто што според него може да биде пронајдено од паметен хакер.
По разговори со колеги од Гугл во Цирих и посебен истражувачки тим во Грац, Хорн сфаќа дека дотогаш тестираните техники може да бидат „свртени во спротивен правец“ за процесорот да се присили да направи нови спекулативни извршувања кои инаку не би ги пробал, и преку тоа на чипот да му се каже да собере конкретни податоци од компјутерот кои потоа можат да им бидат достапни на напаѓачите.
Хорн своите заклучоци ги пренесува до постари колеги, а подоцна по нивен совет на 1-ви јуни за ова ги известува Интел, АМД и АРМ (еден од најголемите светски производители на чипови за смартфони).
Компаниите почнуваат да работат на закрпи (колку што можат), и се до јануари годинава само тие знаат за пропусти.
Она што ги изненадува останатите тимови кои работат на откривање на безбедносниот пропуст, е брилијантноста на Хорн на кого ова му успева сам да го открие. Меѓутоа, професорот на Хорн по информатика од средно ни најмалку не е изненаден од ваквиот успех, објаснувајќи за Блумберг како тој уште како студент открил безбедносни проблеми во училишната компјутерска мрежа „кои го оставиле без зборови.“ Во 2013 Хорн е и еден од 65-те млади Германци кои биле на прием кај Меркел откако победиле на државниот натпревар за поттикнување на изучување на научни дисциплини.
Објаснување како побарувачката по побрзи компјутери ги предизвика Мелтдаун и Спектр: