Минатата година речиси половина од 280 милијарди долари што светот ги инвестираше во обновлива енергија дојдоа од Кина. Кинеските инвестициите во обновлива енергија се пораснати за 30% во споредба со 2016 и во оваа сума не се влезени нивните инвестиции во огромните хидро-централи. За споредба инвестициите на САД во овој сектор од 2016 се пораснати за само 6%.
Кина прва пат ги претрка САД по инвестиции во обновлива енергија во 2009, и во тоа време разликата изнесуваше околу 14 милијарди долари.
Во последниот извештај на Блумберг, разликата во инвестиции е следна:
Заедно, на трите големи „економии во развој“ Кина, Индија и Бразил отпаѓаат рекордни 63% од глобалните инвестиции во обновлива енергија во 2017. Земјите во развој прв пат ги надминаа развиените земји во 2015, меѓутоа повторно заостанаа во 2016.
Повеќе од две третини од кинеските инвестиции во чиста енергија одат за соларна енергија, која треба да додаде околу 53 гигавати на вкупниот капацитет на земјата, количина доволна за напојување на над 38 милиони домови. На второ место се инвестициите во ветерници.
Севкупно, обновливата енергија моментално покрива околу 20% од кинеската потрошувачка, додека на јагленот отпаѓаат над 60%.