Новата американска агенда за борба против климатските промени треба да отвори речиси 540.000 работни места во индустријата за соларни панели, ветерници, електрични возила и батерии. Пари има. Луѓе нема.
Со секоја додадена ветерница или соларен панел Кина „фрла“ се повеќе и повеќе зелена енергија бидејќи нејзината електрична мрежа нема капацитет да ја искористи истата.
За да ги премости сите можни недоразбирања и препреки во ширење на пораката, Кина одлучи својата решителност околу посветеноста на обновлива енергија да ја покаже со пари.
Во своето планирање за периодот откако ќе ја потрошат целата нафта Саудијците го најавија најголемиот проект за производство на соларна енергија во светот, со капацитет од околу 200 пати повеќе од најголемата соларна електрана што денес е во погон.
Зелената боја не мора да биде само боја на религија, сака да порача Мароко со планот да "екологизира" стотици џамии во земјата. МПЦ уште не е до таа лекција.
До 2018-та ќе биде економски исплатливо големите градови да се напојуваат со соларна енергија, а до 2040-та половина од целата струја ќе се генерира на истото место на кое и ќе се користи (нема да има потреба од пренос на струја, извини МЕПСО).
Концептот е соларни автопатишта, поточно се што моментално е асфалт и павер елементи да биде соларни панели. Не треба ништо да измислуваме, се измислиле, само да се инсталира. Сега гледај.