Со силни пустински олуи, едвај по некоја капка дожд и дневни температури do 60 степени, Сахара е едно од најнегостољубивите места на светот. Ама, за луѓе. Истовремено, нејзините 9,3 милиони квадратни километри може да се гледаат како драгоцена недвижнина за поставување соларни панели и фарми со ветерници за производство на струја.
Со таа тема си играла една студија која покажала дека со покривање на Сахара со овие извори на обновлива енергија би се добиле три теравати од ветар и 79 теравати од сонце. Глобалната побарувачка за енергија во 2017 година била 18 теравати.
Студијата изработила и комплетен климатски модел на ваквото сценарио кој вели дека панелите и ветерниците значајно би ја смениле на подобро климата во Сахара. Би дошло до ладење на почвата поради еден сложен механизам од кој би можеле да се издвојат два елемента: ветерниците ќе го испумпуваат најврелиот воздух од површината а соларните панели би ја зголемиле рефлексивноста на површината. Тоа би го зголемило годишниот биланс на дождови и за извесно време во пустината би се појавила вегетација.
Бидејќи толку енергија на светот не му е ни потребна, студијата вели дека сосема слични ефекти, и во поглед на производство на доволно енергија и во поглед на промената на климата би се постигнале ако соларни панели и ветерни фарми би се поставиле само на северо-западниот квадрант на Сахара.