Деновиве и покрај високото ниво на спремност на казнено поправниот систем, еден шведски затвореник успеа да избега од затвор... за да оди на забар... по што се вратил назад во затвор.
Веројатно најважниот финансиски и економски дневен весник во светот ја објаснува математиката (исплатливоста) на огромните попусти што продавниците ги даваат на Црниот петок. Клучен збор - просек.
За разлика од тоа како ние сме го замислувале и како било покажано по филмови, цели две децении шифрата за лансирање на нуклеарните ракети на САД била 8 нули - 00000000.
Расположението засега е неизвесно но поборниците за независност на Шкотска веќе изготвија водич кој на 670 страници опишува како ќе изгледа земјата ако на референдумот закажан догодина, граѓаните изберат "ДА".
Целиот буџет за реклама што планираа да го потрошат за новогодишните празници, Кока кола Филипини ќе го донира за жртвите од неодамнешниот тајфун, заради што во овој период во земјата ќе останат без една единствена реклама.
Станува збор за синот на вториот човек на Синалоа картелот, моментално најмоќниот и најбескрупулозниот нарко-картел во Мексико. Тоа што по наредба на татко му се убиени илјадници луѓе, не значи дека на 23-години тој нема да се чатали на Фејсбук и Твитер. Се вика Серафин.
Аргументот е дека станува збор за индустрија вредна 120 милијарди долари, која разурнуваа цели индустрии во земјите во кои доаѓа преку внесување на производи под пазарната цена кои комплетно ја нарушуваат економијата во земјата.
На новинар на ЕПСН, Катар му плаќа патување до Катар со сите трошоци подмирени. Новинарот се заљубува во Катар, а ЕСПН го објавува ова, ама не за долго.
По сите скандали кои излегоа од шпионирањето на НСА, Сенатот одлучи да превземе мерки кои ќе гарантираат промена во нивната работа преку измени во буџетот на организацијата - ќе им го зголеми буџетот за 75 милиони долари, за во иднина да не им се случи уште еден Сноуден.
По проблемите со алкохолот, кракот, другите дроги, курвите, неколку неделното присуство како главна тема на вестите во Канада, градоначалникот на Торонто меѓу своите граѓани има повисок рејтинг отколку што Обама има во САД.
Откако го фатија дека пуши крек, шмрка кокаин, едно десет пати беше пијан во јавност, плус беше обвинет дека ангажирал проститутки и дека на една негова колешка сосема експлицитно и објаснил што сака да и прави, градоначалникот на Торонто објави дека планира да биде премиер.
Возењето велосипед може да ја спаси целосната светска економија, а комплетниот процес е објаснет во книгата Bikenomics: How Cycling Can Save The Economy. Во основа има 5 клучни аргументи.
Прво се појави како игра на King.com, потоа беше пренесена на Фејсбук каде што ја надмина Фармвил 2, за во ноември 2012-та со сите свои 455 нивоа да се појави на смартфони.
Минатата недела Кина имаше сериозен состанок околу реформите. Од тоа излегоа две работи: прво, ќе се олабави правилото за едно дете, и второ, се укинуваат работничките кампови за "ре-едукација" на политичките затвореници.
Заради се помалиот број на затвореници, предизвикан од претерано успешната програма за рехабилитација и потолерантните казни за одредени прекршоци, Шведска мораше да затвори еден дом за малолетници и четири затвори.
Сведоштва од луѓе кои сосема случајно го запознале или биле во близина на Џобс, во најразлични ситуации од расправа за кусур на каса до решавање на проблеми од техничка поддршка.
Кога на тапет е државната нетолеранција на хомосексуалците, благодарејќи на притисокот од западните медиуми, Русија е првата асоцијација. Оти па Комонвелтот се поарни.
Кинезите се помирија со тоа дека нивната влада има нарачано и инсталирано 20 милиони камери за надзор низ целата земја. Ама никој од нив не очекуваше дека во Шангај, на еден единствен столб ќе има ставено 60 камери.
По 12-годишното владеење на Блумберг, Њујорк доби нов градоначалник. Човекот по татко е Германец, по мајка е Италијанец и кон крајот на 80-те почнува да работи како потрчко во градското собрание на Њујорк. Сега истиот тој е избран за 109-те градоначалник на Њујорк, кој ќе располага со буџет од 60 милијарди долари.
Американската служба за риба и дивеч следната недела најави дека ќе уништи 5,4 тони конфискувана слонова коска. Купот го имаат собирани во последните 25 години.
Во последниве 200 и нешто години колку што постои италијанската мафија, нејзино неспоредливо најмоќно оружје е "омерта" - непишаниот кодекс на молчење базиран на крајно реален страв за сопствениот живот. 2 века подоцна, интернетот е на пат да ја порази омертата.