Не можејќи да поверува во тоа што го видел во живо, ирачки водител се расплакува сред емисија, велејќи: "Нашата држава е роза, а нејзините латици се христијаните, Арапите, Курдите, Сабијаните, Шабак народот..."
Кога би ја прескокнале нечовечката заљубеност во уништување се' што не е нивно или не е по нивно, еве како би изгледал ревизорскиот извештај на групата.
На 12. август родителите на Џејмс Фоли добиваат меил од ИСИС, во кој групата најавува дека тој ќе биде егзекутиран. Последен пат тие биле контактирани од ИСИС во ноември минатата година, кога за Фоли бил побаран откуп од 100 милиони евра. Глобал Пост го објавува целиот меил со дозвола од родителите, верувајќи дека "тој дава увид во мотивацијата и тактиките на Исламската држава."
Бизнисот со киднапирање и последователна продажба на киднапираниот е вториот по големина извор на пари за терористичките организации. Пред него се само спонзорствата од државите, а зад него заостанува ограбувањето банки, приватните спонзорства и други форми на собирање пари.
На почетокот од летото во тајна воена мисија две дузини командоси од Делта форс прават упад во нафтена рафинерија на северот од Сирија, во кратката престрелка ги совладуваат сите милитанти на ИСИС и откриваат дека таму нема ниту еден заложник.
Пред неколку дена милитантни на ИСИС упаѓаат во едно село со Јазиди на северот на Ирак. Бараат цело село да се откаже од својата вера и да станат муслимани. Сите селани се согласуваат со барањето. Одбива само селскиот главешина.
Во 1960-та по матурирање Мухамед ал-Талбани почнува бизнис со рачно произведени благи од сусам и кокос. Тој се развива низ децениите и во Газа гради фабрика вредна 30 милиони долари, која за Рамазан треба да го снабди пазарот со благо. Кратко пред празникот почнува најновиот судир и фабриката на ал-Талбани е срамнета со земја.
Нигерски свештеник ја покажа својата човечност и им понуди лек на заболените од ебола во соседна Сиера Леоне, испраќајќи им на властите - 4.000 шишиња (негова) света вода.
Кинеските и руските функционери предупредуваат за потенцијална хуманитарна криза во мирната американска провинција Мисури, каде прастарите локални тензии зовреа во директно насилство.
Како најголеми глобални бубалици, сред свет во кој има 10 активни војни, Шведска објави дека прославува 200 години мир. Дополнувајќи го впечатокот, шведските племенски мудреци објаснуваат дека сето ова време најтешко им било што морале да научат како да заземаат не-конфликтен став во секој конфликт.
Во март 2014-та, Нури ал-Малики победи на изборите со разлика до 700.000 гласови. Во изминативе неколку недели тој на најлојалните војници им рече да се повлечат и да ја прифатат неговата замена со Хајдер ал-Абади. Она што се случи од март до август е - Мосул.
Уште пред протестите околу убиството на 18-годишниот црнец, полицијата на Фергусон и Сент Луис, добија опрема од "1033" програмата на Пентагон, со која на американската полиција и се доделува претходно користена воена опрема.
Веќе 5-ти ден на улиците Фергусон, Мисури, се одвиваат сериозни протести кои започнаа откако во саботата полицијата го уби ненаоружаниот 18-годишен црнец, Мајкл Браун. Вчера вечерта Фергусон изгледаше како сцена од најновата американска инвазија низ светот.
Воопшто не е изненадување, ако се земе предвид колку е слаба опозицијата и дека исходот од изборите однапред беше познат - Реџеп Таип Ердоган победи после првиот круг гласање на претседателските избори во неделата, првите вакви избори во Турција, пишува во едиторијалот на француски Ле Монд.
Изработено за домашна публика, видеово треба да ги увери Северно-корејците дека нивната армија е подготвена за која било закана. Не е проблем ако се појави и во странство, каде целта би била да се преплаши непријателот.
Паралелно со требењето припадници на ИСИС, американската авијација во секој воздушен напад со помош на милиони долари вредните ракети и проектили, уништува милиони долари вредно американско оружје.
По десетина години војни низ арапскиот свет, дополнети со вести од Чеченија и Авганистан, ИСИС годинава успеаа да воведат сосема ново ниво на ужас во новинските извештаи. Сето ова како дел од воспоставувањето, а сега и ширењето на нивниот калифат. Сега за прв пат, западни новинари успеаа да направат репортажа од таму.
Европа ја продолжува долгата традиција на сомничавост кон американската живина, овој пат по основа на забрана за увоз на она што политичарите стручно го нарекуваат "Пилиња во сос од хлор." Да нема забуна, ова Европа важи за ЕУ.
За да не излезе дека Американците се подадоа и во првиот момент кога почувствуваа дека Курдите се во сериозна опасност од ИСИС, повторно ги разлетаа авионите над Ирак, официјалниот став на Белата Куќа е - во ирачки Курдистан има Американци (војска + дипломати), и ова го правиме заради нив.
Преголемиот и премудар Туркменбаши доживува слична судбина како титовата, кому заклетвата "да са твога пута не скренемо" му ја раскурцаа уште Броз неизладен. Осум години откако се упокои Сапармурат Нијазов, Туркменистан и наследникот на неговиот трон се дрзнаа да му свртат грб и да се дистанцираат од неговото иделошко наследство. Убав повод да се потсетиме на нашиот омилен диктатор на сите времиња.
Санкциите што Русија ги воведе на Западот, ќе влијаат на 10% од снабденоста на Русија со свинско, риба и овошје, барем според министерот за земјоделие. Од друга страна, според официјални бројки Русија минатата година увезе храна во вредност од околу 43 милијарди долари, третина од вкупната потрошувачка.
Кинеската престолнина и официјално ќе преземе нешто околу проблемот со загадувањето и до 2020-та сосема ќе го забрани користењето на јаглен, за сметка на струјата и природниот гас. Замената не е ништо подобра.
На американските власти им протече незгоден документ, нумеричка база на податоци за оние лица кои разузнавачки се обработуваат бидејќи се познати или осомничени терористи. И знаете што? Повеќе од половината не се поврзани со никаква терористичка групација.
Користејќи ја истата логика според која може да се открие кој ќе биде следен клучен лик во Троновите што ќе биде промовиран по убиството на некој од главните, компјутерски модел кој ги обработува сите расположливи податоци за терористичките мрежи може да предвиди кој ќе биде следен лидер по елиминацијата на актуелниот. До сега погодува со 80% точност.