
Тужбата на Викимедија е по основа дека владата (односно нејзините агенции) ја нарушила приватноста на корисниците на он-лајн енциклопедијата.
"Со поврзување на 'рбетот на интернетот, НСА врши притисок врз 'рбетот на демократијата. Википедија е основана на слободата на изразување, истражување и информација. Со прекршување на приватноста на нашите корисници, НСА се заканува на интелектуалната слобода која е централна за способноста на луѓето да го креираат и разбираат знаењето," пишува во својот блог извршната директорка на Викимедија фондацијата, Лила Третиков.
Правно, праксата на НСА е надвор од овластувањата што таа ги има според Законот за странско разузнавање, кој дозволува шпионирање на странски државјани. Викимедија тужбата ја поднесува заедно со 8 други организации, меѓу кои Хјуман Рајтс Воч и Амнести интернешенл САД.
Сличен потег планираат и неколкуте технолошки компании кои беа вмешани во следењето на американските граѓани.