Нарко-босот што падна заради торта

Во петокот Мексиканците го имаат најзначајното апсење во изминатата година кога успеваат да го приведат босот на Темплари картелот, во 3 часот наутро во сендвичара. На апсењето, босот Сервандо Гомез Мартинез беше помирен со себе, "уапсен сум затоа што сум криминалец, затоа што водам банда идиоти."

Гомез со месеци се криеше по пештери, бегајќи од власта и од конкурентските картели. Според полицијата тој последните месеци ги минал во "мизерија" во една од пештерите што ги користел за чување затвореници.

Полицијата надгледувала 10 имоти за кои се знае дека биле во негова сопственост. Следејќи го профилот на Гомез, тие знаеле дека босот бил посебно желен за прослави. Заради ова на 6-ти февруари, на неговиот роденден, полицијата дополнително се ангажира во надзорот на целиот негов имот.

Приквечер тие забележуваат несекојдневна гужва околу една од куќите во близина на градот Морелиа. Кога на местото доаѓа и девојката на Гомез (која наводно има 3 деца со него) со чоколадна торта, на полицијата и се потврдуваат сите сомнежи дека нарко-босот е во куќата. (Се смета дека Гомез има вкупно 37 деца со различни жени.)

Тортата што го издаде Гомез:

Гомез е уапсен доцна истата вечер, по крајот на забавата, без ниту еден испукан куршум.

 

6 март 2015 - 10:17