Планот го соопштија од американската централна команда. На ова инстантно реагираа републиканците сенатори, кои се побунија дека соопштението го ризикува успехот на мисијата, а во исто време и ирачкото министерство за одбрана беше прилично навредено затоа што евентуален напад на Мосул требало да биде одлука на Багдад, а не на Вашингтон.
"Поважното прашање е дали операцијата ќе успее? На хартија ирачките сили треба лесно да победат. Се проценува дека Мосул, град од 1 милион луѓе, моментално го контролираат не повеќе од 2.000 борци на ИД. Освен предноста во бројки, ирачко-курдските сили ќе имаат и помош од американската авијација.
Тука завршува конвенционалната предност. Минатата година борците на ИД немаа многу проблеми да ја протераат многу поголемата, подобро подготвена, и подобро опремена ирачка армија. Проблемот доаѓа од поделеноста во земјата. Ирачката армија составена од шиитско мнозинство, е многу поверојатно дека ќе се бори за контрола на сега комплетно сунитската популација на Мосул," пишува Мат Шиавенза во Атлантик.
Нападот е темпиран да се изврши и да заврши пред Рамазан и пред летните жештини во регионот. Во исто време наспроти перцепцијата дека ИД станува се посилна, американските функционери веруваат дека ИД е моментално е растегната меѓу повеќе фронтови кои не може соодветно да ги покрие.
Дури и во случај на воена победа во Мосул, останува проблемот на сектаријанската поделба, односно "како ќе поставиш контрола кога самото население не те сака."