
Последната снимка од Путин е од средбата со премиерот на Италија, Матео Рензи, на 5-ти март. По ова на 8-ми се појавува видео како тој оди на прослава на Денот на жената, за кое подоцна се утврдува дека е снимано на 5-ти март. На 13-ти март е објавена снимката од неговата средба со претседателот на Врховниот суд со Вјачеслав Лебедев, која не е пренесена во живо.
Главната теорија, кој моментално преовладува на рускиот интернет и блогосфера е дека "Путин е мртов," ама за ова не е приложена ниту една веродостојна информација, плус инстантно беше отфрлено од портпаролот на рускиот претседател. Привлечноста на оваа теорија е што секој очекува дека Кремљ ќе ја крие смртта на првиот човек на Русија, додека да ги реорганизира и стегне своите редови.
Друга теорија е дека сето ова е поврзано со убиството на Немцов, дека тоа создало одредени пукнатини меѓу руската елита, и сега Путин се обидува ова да го доведе во ред.
Меѓу таблоидните теории преовлада онаа дека тој е во Швајцарија за да присуствува на пораѓањето на неговата љубовница Алиба Кабаева. И ова инстантно беше негирано од неговиот портпарол.
Инаку, во петок Кремљ им порача на новинарите да не патуваат надвор од Москва, затоа што ќе има важно соопштение.