"Ангелот на смртта" во битката со ИД

Моментално ИД се обидува да го одбрани Тикрит и да ја спречи ирачката армија и паравоените милиции поддржани од Иран да го освојат градот. Меѓу ослободителите е и еден универзитетски предавач со секира.

Човекот се вика Абу Азраел, и наводно е легендарниот командант на Имам Али Бригадата, иранска паравоена организација која се бори во Ирак. Веќе има статус на култна фигура во ирачките социјални медиуми, каде го има во најразлични пози со секири, мачеви и лешови на борци на ИД.

Меѓу непотврдените информации за него е дека тој претходно работел на Универзитет, и дека на времето го има освоено ирачкото првенство во теквондо.

Тикрит, кој е родниот град на Садам Хусеин, има голема стратешка и емоционална важност за сунитското малцинство во земјата (ИД се сунитска група).


(Кој е Абу Азраел? Тој е универзитетски предавач кој ја напушти училницата за да ја исполни својата џихадистичка должност.)

 


(Утро со Абу Азраел, лавот на ал-Имам Али Бригадите.)

 


(Херојот Абу-Азраел во битката за Тикрит. Господ да ги благослови мажите од ал-Хашид ал-Шаби)
14 март 2015 - 17:10