За убиството на Немцов, обвинет е Чеченецот Заур Дадаев дека убиството го извел како одмазда за тоа што Немцов јавно го поддржал францускиот магазин Шарли Ебдо. На 8-ми март, руските власти објавија дека Дадаев го признал убиството. Од тогаш тој го повлече признанието, тврдејќи дека го дал под присила.
Чеченците по дифолт се омразени меѓу Русите. Чеченија некаде во средината на 19-от век, со сила е собрана во руската империја, меѓутоа има две клучни точки од каде потекнува целата омраза кон Чеченците.
"Прво тука е нацистичката инвазија на Советскиот сојуз во 1941-ва. Дел од Чеченците ја користат оваа шанса за да се кренат против руското владеење. Како одговор, Москва подоцна ја растура чеченско-ингушетиската република и 500.000 нејзини жители ги испраќа во камповите во Централна Азија. При ова исчезнуваат десетици илјади луѓе.
Во 1991-ва кога се прогласува новата независна чеченска република, од таму започнува масовното бегство на Русите. Елцин наредува воена инвазија и окупација на Грозни. По ова следуваат уште две години војна пред потпишување на мировниот договор...
...Руските тенкови влегуваат уште еднаш во Чеченија во 1999-та, откако чеченската исламистичка група Меѓународните исламски бригади извршуваат инвазија на соседниот Дагестан. Во рок од една година Русите го срамнуваат Грозни со земја. Во 2003-та, Чеченија и формално станува дел од Руската Федерација," објаснува Џек Фланигин за Кварц.
Освен ова Русите, а посебно жителите на Москва, се алергични на се' што доаѓа од северен Кавказ, делумно и оправдано заради сите терористички напади извршени од Чеченци.
"Сместувањето на вината за убиството на Немцов на самите Чеченци одговара со рускоцентричните сфаќања за периферните нации на федерацијата, посебно на оние со муслиманско потекло," пишува Фланагин, дополнувајќи со изјави од членови на партијата на Немцов, според кои бесмислената теорија на обвинителот совршено го заштитува Путин од секаков притисок.