Неофицијалниот назив е "чеченско судење" и во него руските обвинители изненадувачки лесно можат да ја постават следната логиката: во која било руска политичка криза, идентификувај го инцидентот, изолирај го инцидентот, и обвини ги Чечените.
Простото извлекување паралели е една мрзлива дисциплина која може да доведе до велелепно глупави заклучоци. Па сепак, морничав е впечатокот во какви слични наративи е заплеткан овој наш дел на светот. Последното интервју на Борис Немцов за полското издание на Њузвик, пред оние четири кукавички куршуми да го спречат да види дали неговите идеи за Русија ќе се остварат или ќе пропаднат.