За првпат во својата 114 годишна историја, комитетот што ја доделува Нобеловата награда го деградираше својот претседавач и го спушти на ниво на обичен член.
Неговото 6 годишно владеење помина со неколку сериозни контроверзи. Во 2009-та година му беше дадена Нобелова награда за мир на Барак Обама, нецела година од неговото претседателствување со САД.
Три години подоцна, истата награда отиде во рацете на ЕУ, во време кога кризата се закануваше да ја распадне унијата.
Но, се чини дека најсериозниот удар врз глобалниот баланс на кредибилитетот беше нанесен со одлуката од 2010-та да се награди кинескиот дисидент Лиу Ксиабо по што и започнаа шпекулациите дека Торбјорн Јагалнд тоа нема да го преживее. Кина тогаш збесна, веднаш ги замрзна диппломатските односи со Норвешка, воведе визи и рестрикции на увозот на туна која е битна индустриска гранка на скандинавската држава.
"Сосема е можно деградирањето на Јагланд да е поврзано со кинескиот проблем и да претставува подавање рака за помирување со Кинезите кои Јагланд секогаш го сметаа за лично одговорен за наградата која ја доживеаја како свој национален срам и понижување", вели автор на повеќе книги кои се бават со Нобеловата награда.
Неутралните посматрачи сметаат дека смената на 64 годишниот Јагланд може да значи дополнително политизирање на комитетот кој би требало да функционира независно од политичките проекции на Норвежаните.
За многумина, приказната со кредибилитетот на Нобеловиот комитет е завршена уште во 1973 година кога награда за мир му беше доделена на Хенри Кисинџер, американскиот државен секретар поврзан со тајното бомбардирање на Камбоџа и разузнавачките врски со монструозно диктаторски режими во Јужна Америка. Тој наградата требаше да ја дели со северновиетнамскиот лидер кој ја одби наградата, номинално затоа што процени дека било рано да се зборува за мир, но во јасен контекст дека не би сакал да дели награда со човек како Кисинџер.
Функцијата претседавач на комитетот сега ја обавува досегашнaта заменичка на Јагланд, Каци Кулман Фиве.