Зошто и се приклучив на ИД

Американска новинарка со либанско потекло разговара со членови на ИД, околу нивната матична организација за ширење правда низ светот.

Ние сме пријателски наклонети! Освен ако не си непријателот, нормално, само затоа што луѓето се во ИСИС тоа не значи дека тие постојано прават некакви масакри. И тие се луѓе, и тие се смеат, и тие се зафркаваат еден со друг. Обезглавувањата, егзекуциите во јавност, се пораки до непријателите на ИСИС, меѓутоа исто така и дел од Шеријатот и покажува дека тој комплетно се имплементира. - Абу Бакр ал-Џанаби.

-------

Мојата главна инспирација за доаѓање во Сирија беа Џорџ Буш, Тони Блер, и претседателите од Западот и нивните надворешни политики кон Исламот - Египет, Кашмир, Синај, Јемен, Авганистан. Гвантанамо. Абу Грејб. - Абу Сумааја.

-------

ИСИС е држава, не група - и таа е вистинска држава. Таа управува со работите на луѓето како и секоја држава - американската, британската, француската - ИСИС функционира како држава. Таа им обезбедува храна на сиромашните - засолниште, облека, чисти патишта. Таа прави се што прави една нормална држава. Поштенски услуги. Се што им е потребно на луѓето. Тоа е она што ме привлече во ИСИС. Ниту една друга група - ал-Нусра, Ел-Акса бригадата, не го прави ова. - Абу Сумааја.

-------

Им требаше време на ИСИС додека да почнат да ги спроведуваат законите, меѓутоа по предавања околу тоа и слично, немаше никакви забелешки - со исклучок на пушачите (ИСИС комплетно забрани пушење на цела своја територија). Малку е тешко за нив одеднаш да се откажат од пушење. Меѓутоа ИСИС многу добро им помага да се откажат. - Абу Бакр ал-Џанаби.

-------

Секогаш нешто се случува - секогаш има некои бомбашки напади. Додека да дојде пладне ти си веќе сред некоја борба. На тотално мирен ден, се тушираш, играш фудбал, играш со другарите, фудбал. Толку многу Американци, толку многу Канаѓани, толку многу Британци - момци од целиот свет, Кина, Индонезија. - Абу Сумааја.

-------

Моето семејство е во Британија. Тие не знаат дека дојдов тука - не знам дали сега знаат. Тие никогаш не знаеа, само ги собрав моите работи и си отидов. Ја сонував Сирија, дека сум таму и дека се борам, и одлучив уште дента кога сонував. - Абу Сумааја.

-------

Абу Бакр е симпатизер на ИСИС кој и испраќа пари на групата и ги ре-објавува нивните соопштенија на интернет. Разговорот е направен на директни пораки на Твитер.

Абу Сумааја е борец на ИСИС. Тој е интервјуиран преку Скајп.

26 февруари 2015 - 10:09