Секс, дрога и атомски тајни

Чавез му помага на Иран да се поврзе со клучни луѓе од Аргентина, кои во замена за (многу) пари треба да им решат некои глобални проблеми на властите во Техеран, тврдат во интервју за бразилскиот магазин Вежа тројца поранешни функционери од Венецуела.

Аргентина требала да го натера Интерпол од базата на податоци да ги избрише Иранците осомничени за поставување бомба во Еврејскиот центар во Буенос Аирес во 1994-та. Освен ова според договорот Аргентина требала да ја попречи истрагата на Меѓународната агенција за атомска енергија против Иран, плус да обезбеди разузнавачки информации за атомска енергија.

За возврат, Аргентинците требало да добијат пари од Иран, плус во 2007-ма тие ја финансирале и кампањата на актуелната претседателка Кристина Киршнер.

Според сведочењето на еден од функционерите кој бил присутен на состанокот меѓу Ахмадинеџад и Чавез во 2007-ма, Иранецот побарал помош од Венецуела да се воспостави врска со Аргентина, порачувајќи му "не се грижи колку чини тоа, Иран ги има парите потребни за да ги убедиме Аргентинците."

За "подмачкување" на договорот, Венецуела во 2007-ма купила аргентински обврзници во вредност од 1,8 милијарди долари, а во 2008-ма уште 6 милијарди.

Поранешните функционери тврдат и дека аргентинската преговарачка во целата работа била министерката за одбрана Нилда Гаре, имала и сексуална врска со Чавез.

Инаку, во јануари годинава беше убиен аргентинскиот обвинител Алберто Нисман, кој го истражуваше бомбашкиот напад на Еврејскиот центар во 1994-та. Тој беше убиен со куршум во глава. Нисман требаше да сведочи пред аргентинските судови дека администрацијата на претседателката Кристина Киршнер помогнала да се заташка иранската вмешаност во нападите.

17 март 2015 - 10:16