Мугабе, роденденски

Денес (сабота) му е 91-от роденден на врховниот лидер, главниот командант во вооружените сили и претседателот на Зимбабве, Роберт Мугабе. Забавата ќе се одржи следниот викенд. Буџетот за настанот е околу 1 милион долари, а најголемиот дел е собран од народот (не по воља на народот).

Според извештаи од земјата најголем дел од селаните биле присилени да донираат пари и производи за роденденот, а според лидерот на Синдикатот на професори, секој професор и учител во земјата морал да донира по 10 долари за гозбата на која треба да присуствуваат околу 20.000 луѓе.

Парите и донациите ги собира Движењето 21 февруари, кое е основано во 1986-та и до тогаш собира фондови за прослава на роденденот на Мугабе. Од таму објаснуваат дека "нема ништо лошо во тоа да се соберат одредени пари, посебно кога има толку многу доброчинители подготвени да му донираат на претседателот, ако се има предвид што тој има направено за државата, и што прави и ден денешен."

Меѓу другото, на мени ќе има и два слона, две бафала, две антилопи, пет импали и еден лав, сето ова донирано од локален земјоделец.

Моментално животните стандарди во Зимбабве се вратени на ниво од 60-те години од минатиот век.

21 февруари 2015 - 15:53