"Две работи. Прво, ИД е директен производ на ал-Каеда во Ирак која се разви во времето на нашата инвазија. Што пак е пример за ненамерни последици. Е заради ова мораме да нишаниме пред да пукаме," објаснил Обама.
Американскиот претседател е уверен дека коалиција составена од 60 нации, полека ќе ја совлада ИД во Ирак, меѓутоа останува главниот предизвик да се сопре екстремизмот и што да се направи со незадоволните Сунити низ светот и со "младите кои растат без образование, без надеж за иднина, и единствениот начин да добијат валидација, моќ, и почит, е да станат борци."
Ова е прв пат Обама да го прикаже постоењето на ИД како директна последица на американската надворешна политика.
Целото интервју: