Свет

Рускиот полигон Сирија

Две недели како што Русија воено се вклучи во нередот во Сирија, кај западните разузнавачи и воени функционери почна да се враќа изгубената страхопочит кон руската војска и кон трансформациите што таму се имаат случено за време на владеењето на Путин. А на Русите, Сирија одлично им дојде за контролирана демонстрација.

Зошто Кина е смирена околу економските проблеми на Кина

Летово беше веројатно најужасниот период во историјата на кинеската берза, вредноста на акциите беше во слободен пад, секој ден се губат милијарди долари, а кинеското раководство и не се претегна обидувајќи се да ја спаси берзата. Ова претежно беше протолкувано како знак за неспособност на Кси Џинпинг, освен од оние кои сметаат дека сето ова е дел од неговиот план.

Транс-Пацифичкото партнерство, страшно како што мислевме

Викиликс пред неколку дена објави она што треба да е конечната верзија на поглавјето околу интелектуалната сопственост од Транс-Пацифичкото партнерство. Коментарот на ЕФФ (Electronic Frontier Foundation) на ова е: ова ги потврдува нашите најголеми стравови.

Во болницата во Кундуз

Кундуз траума центар е болницата во Северен Авганистан под управа на Доктори без граници. На 3-ти октомври таа по грешка беше погодена од американската авијација повикана да помогне во борбите со Талибанците во Кундуз. Меѓу убиените има 12 доктори и 3 деца. Ова е првата репортажа од болницата.

Како се распаѓаше американската тренинг програма во Сирија

Планот кој звучеше како да е составен на семинар по "дај да направиме нешто за да изгледа дека работиме," предвидуваше САД и неколку сојузници, да ја обучуваат и опремат "умерената опозиција" во Сирија, за таа понатаму на свој грб да ја преземе целата борба против сите останати страни во војната (Асад и ИСИС). Вчера ја укинаа програмата.

Како стравот ја затвори Америка за Сиријците

САД годишно прифаќаат поголем број на бегалци од која било друга држава, и покрај тоа во оваа бројка речиси да нема ниту еден од милионите бегалци од Сирија. Официјалното објаснување е - заради безбедност, аргумент што претставниците на повеќе владини агенции не можат да го поткрепат со факти, податоци или проценки.

Парите се за да се вртат

Обама реши да ја искешира својата стратегија за поддржување на сиријската опозиција па од воениот буџет на САД ќе одвои 500 милиони за нивен тренинг и обука. Владимир Путин има свое објаснување каде ќе завршат тие пари. 

Молдавија, веројатно најстрашната држава на светот

Во средата Асошијтед прес објави извештај за криминална мрежа која се обидувала да продаде "радиоактивен материјал на средноисточни терористи." АП пишува за 4 вакви случаи во последните 5 години, и сите се случуваат во - Молдавија.

Штетата од избегнување војна во Сирија

Додека Американците ги делеа регионите по боја, Русите извршија инвазија, му ја објаснил еден турски функционер ситуацијата во Сирија на новинарот од Вол Стрит Журнал.

И ќорав Трамп убоде анализа

По принципот дека дури и расипан часовник два пати дневно покажува точно време, Доналд Трамп изненади многумина на тема за која до пред некое време не знаеше ама баш ништо. Како што велеше тогаш, ќе научам кога ќе треба.

Гледајте го Путин што прави, а не што зборува

Ништо од тоа што Путин го кажа на говорницата на ОН не наговестуваше дека тој ќе почне со бомбардирање во Сирија, ниту пак дека ќе се повлече од фронтовите во Украина. И баш тоа го направи. Два дена подоцна. Во ист ден.

Партнерството што ќе го контролира Пацификот

40% од светската економија од вчера се контролира со Транс-Пацифичкото партнерство, најголемиот регионален трговски договор во историјата кој по 5 години преговарање го потпишаа САД, Јапонија, Канада, Австралија и уште осум држави што излегуваат на Пацификот. Од овој куп, намерно е исклучена Кина.

Од што се разочаруваат дезертерите на ИСИС

Како што се повеќе се приближуваш до борбата и жртвувањето за која било идеологија, така таа се повеќе почнува да те разочарува, дури и стартната позиција да ти е дека треба да умреш за ИСИС.

Заборавете го убиецот, памтете го херојот што го спречи

Човекот што треба да се памти е 30-годишниот Крис Минц, студентот и армиски ветеран кој беше застрелан седум пати додека јуришаше на убиецот во обид да ги спаси другите. Минц ова го направи на 6-от роденден на својот син.

Руската интервенција во Сирија во една реченица

Една година откако Американците ги започнаа воздушните напади во Сирија, против ИСИС, во борбата се приклучи и руската воена авијација. Првите денови од руската интервенција во Сирија, во американските медиуми (и политичари и експерти) беше дочекано на ниво како Русите да го бомбардираат Тексас.

На сè се човек навикнува

Во својот мандат Барак Обама мораше дури 15 пати да се обраќа по повод некое масовно убиство. По последниот масакр во Орегон тој не го криеше гневот што и ваквите инциденти и јавните реакции на нив веќе стануваат рутински. Американскиот претседател ги потсети граѓаните дека иако зад масакрите од ваков тип секогаш стојат некакви лудаци, главната причина е во политичкиот избор што САД упорно го прави.

Враќањето на "Авганците"

Заедничкото име се однесува за сега веќе средовечните, искалени во војна, ветерани од советската војна во Авганистан, кои беа пречекани без речиси никакво добредојде од последната војна на СССР. Авганците сега се на фронтот во Украина.

Изборна победа на каталонските сепаратисти

Резултатите од изборите за регионалниот парламент на Каталонија сепаратистите ги толкуваат како јасен мандат да ја отцепат од Шпанија моќната 7,5 милионска област во која се наоѓа и Барцелона.

Ранецот на сириските бегалци

Четворица Сиријци му раскажуваат на Гардијан зошто немаат друга опција освен бегството преку море, и откриваат што носат со себе.

Затворајте прозорци и врати, милиони луѓе ни доаѓаат!

"Европа мора да ja укине својата миграциска политика на отворени врати пред налетот на следниот бран бегалци кој ќе брои милиони луѓе". Ова не го кажа Виктор Орбан, ќерката на Ле Пен или некој друг од редот европски крипто-фашисти. Ова се зборови на шефот на ЕУ, првиот човек на Советот на Европа. Спремајте се да бидеме чувари на нивната совест и мирен сон

Банкарот на Кремљ ја тужи Русија

Сергеј Пугачев побара 10 милијарди долари отштета од Русија бидејќи државата незаконски присвоила негов имот. Руската држава се согласува околу присвојувањето, само во нејзината верзија Пугачев е тој што незаконски присвоил имот.

10 години Ангела Меркел

На 18-ти септември 2005-та, ЦДУ на Меркел со сосема мала разлика ја порази СПД на тогашниот канцелар Герхард Шредер. Победата беше извојувана со плус 1 процент од гласовите, кои на Меркел и донесоа 4 седишта повеќе во парламентот.

Правдата е за ситната боранија

Во последните 20 години во САД никогаш помалку не се гонел корпоративниот криминал и другите апашки дејанија поврзани со финансиско работење.