За време на посетата на Трамп на Саудиска Арабија, беше објавено дека САД потпишале договор за продажба на оружје на арапскиот домаќин во вредност од 110 милијарди долари. По зборовите на Брус Рајдел од вашингтонскиот Брукингс институт, "ова се лажни вести".
Може ќе звучи како ова веќе да го имате чуено, ама САД пак ги сомничи руските хакери дека се виновни за уште еден глобален курцшлус - спукувањето на арапските држави и Катар.
Исплата е извршена на вооружени групи во Сирија поврзани со Иран и Ал Каеда, а за милијардата Катарците назад добиле 26 членови на кралското семејство кои залутале за време на лов со соколи.
Американската амбасадорка во Советот рече дека нејзината земја го преиспитува своето членство во ова тело поради хроничната анти-израелска атмосфера меѓу членките на Советот.
25-годишна девојка е обвинета за протекување тајни документи на НСА кои го содржат извештајот за руските обиди за хакирање на американскиот изборен систем на неколку дена пред изборите во 2016.
Еден од терористите кои го изведоа последниот напад во Лондон во кој загинаа 7 лица а 50-тина беа повредени го имало во лански документарец на британскиот Канал 4 со наслов „Џихадистот од нашето маало“. И покрај тоа, службите процениле дека тој не претставува безбедносен ризик.
Откако минатиот месец успешно беше спречена една мисија за спасување бегалци што го минуваат Медитеранот, британската крајната десница собра доволно донации истиот подвиг да го повтори уште неколку пати во текот на летово.
Саудиската државна новинска агенција објави дека Ријад ги затворил своите граници, прекинувајќи секаков копнен, воздушен или поморски контакт со Катар, со што речиси го изолираше кралството.
За првпат во Европа донесена е судска пресуда против некој што ставил лајк на Фејсбук пост. Суд во Швјацарија проценил дека и лајкнувањето е ширење на некаква вредносна проценка па треба да се бере памет пред да се стисне рачето.
Врховниот верски авторитет во Палестина забрани раскинувања на бракови додека трае муслиманскиот пост со многу логично објаснување: гладен човек знае да носи избрзани и непромислени одлуки.
За време на првата меѓународна турнеја лидерот на слободниот свет, Претседателот Доналд Трамп го сфати проблемот со првиот впечаток - дека нема втора шанса, пишува Скот Биксби во текстот за Дејли Бист.
Британската полиција што го истражува бомбашкиот напад во Манчестер арена одлучи да престане да споделува доверливи информации со американските власти откако дел од нив, повторно, стигнале до американските медиуми.
Американскиот секретар за трговија го сподели своето пријатно изненадување од народот во Саудиска Арабија затоа што во текот на посетата на Трамп, немало никакви протести или демонстрации во земјата. Има само еден мал проблем во ова; во Саудиска Арабија се забранети протести.
На штотуку ре-избраниот претседател на Иран му е јасно каква политика од САД може да очекува кога Трамп реши своето прво стапнување во странска држава да биде во Саудиска Арабија. Па кога е веќе така, барем да им подели некоја лекција од демократија.
Првата дама на САД ја пофали Саудиска Арабија за нивните напори и мерки кои водат кон „оснажување на жените“. За 110 милијарди долари колку што нејзиниот златен сопруг на домаќините им наплати во вид на нарачки за оружје, Меланија можеше да каже и дека САД од оваа земја можат многу да научат за третманот на жената.
Пораката е од Дејвид Бесли, поранешен гувернер на Јужна Каролина, а денес генерален директор на Светската програма за храна на Обединетите Нации, според кого тоа што моментално се случува во делови од Африка не се "лажни вести, туку реалност".
Филипинскиот претседател Родриго Дутерте го повика народот да му помогне да ја спроведе неговата ригорозна забрана за пушење ја јавни места. Како што тоа бидна и порано, ваквиот повик е зелено светло за секоја битанга да шета по улици и да го спроведува законот по свое видување.
Нели турскиот претседател во посета на САД. Нели таму на секоја посета на некој државник ќе се најде некој да протестира против неговата политика. Е па, не може тоа така, мислат бодигардите на Ердоган. Им влегоа и ги затепаа, среде Вашингтон.
Руски хакери уште во 2008 ја таргетирале кампањата на Обама, додека американски функционери биле мета на нивни напади уште од 2007-ма кои продолжиле и откако тие ја напуштиле владата, се тврди во нацрт верзијата на безбедносен извештај што го објавува Њузвик.
Десничарските медиуми го нарекуваат мамино синче и се сомневаат во финансиите на неговата кампања. Останатите главно ја поздравуваат победата на најмладиот претседател во француската историја (една година помлад од Наполеон) како стопирање на популистичкиот бран.
Идејата за две држави се чини дека веќе не живее меѓу Палестинците. Денес тие се за останувањето во Израел но со комплетно еднаков државотворен статус. „Тоа би било крај на израелската држава“, предупредува Сандерс, без ронка булшит во него.
Јапонија почна да дава упатства и СВОЗ насоки за евентуален ракетен напад од непредвидливите комшии кои ги води она дебелко психопатче Ким Јонг Ун. А немаат што многу да им кажат, освен сериозно да побрзаат.
Во Британија на гласањето за брегзит младите не го добија она за што навиваа, во САД имаа ист исход за време на претседателските избори. Ништо поразлично не минаа ни во првиот круг од изборите во Франција.
Во старата глобална поделба на развиени земји и земји во развој, САД мазно ги ставаме во првата група. Американски економисти тврдат дека повеќето Американците не живеат во таква земја.