Свет

Американската војска конечно го дозволи хуманизмот

Американските војници кои го наведуваат хуманизмот како свој систем на уверувања конечно ќе бидат рамноправни со религиозните соборци, меѓу кои има сешто, па и Пастафаријанци, следбеници на Црквата на летечкиот шпагети монструм.

Парадоксот на гласањето на дијаспората

Авторот не може да им се дочуди на своите, т.е. Турците во Германија кои масовно гласаа за опцијата на Ердоган. Феноменот инаку им е познат на балканските народи, кога нивната дијаспора често гласа за рестриктивни политики во родната земја а во земјата во која живеат се жалат на рестриктивни политики кон нив.

Како (засега) пропадна независноста на Калифорнија

Симпатизерите и активистите кои работеа на отцепување на Калифорнија од САД во понеделникот официјално се пишманија и ја повлекоа петицијата на оваа тема.

Станот наречен желба

Нигериската антикорупциска единица по анонимна дојава откри 43 милиони долари во готовина во луксузен стан во Лагос.

МОАБ, МОАБ друже мој

MOAБ (во оригинал MOAB - Mother Of All Bombs) која ноќеска беше употребена за прв пат во историјата е најголемата ненуклеарна бомба на светот (*Русите имаат амандман на ова), има 8,5 тони експлозив и до метата беше носена со товарен авион.

Северна Кореја отвори - улица

Изминативе десетина дена главна информација од Пјонгјанг беше дека на 13-ти април во градот ќе се случи "голем и важен настан" на кој беа поканети новинари од цел свет, и на кој ќе биде присутен лично Ким Јонг-Ун. И се случи, отворање улица со згради.

Мигранти се продаваат на отворени пазари по Либија

Оние африкански мигранти кои ќе стигнат на кое било европско тло, макар не стaпнале во италијанско Лече туку во Македонска Kаменица, можат да слават не втор туку трет живот: ги преживеале не само тоа брановите во кои се гине масовно туку и либиските пазари на кои се продаваат како робови.

Како заврши арапското будење

За некого во мек сон, за некого во непрекинат кошмар. Мала историска паралела за пролетта која беше толку амбициозно претставена што и некои наши слепци веруваа дека само што не дошла и кај нас.

Ок бе, ќе се спукаме, ама кој ќе ве води вас?

Ако ултиматумот на Г7 до Русија доведе до вистинска војна, колкава е вашата доверба за Доналд Трамп како воен лидер и Борис Џонсон како негов поручник, прашува руската амбасада во Лондон.

Зошто Американците избраa Томахавк ракети за напад?

Во 4:40 по локално време УСС Рос и УСС Портер, испукаа речиси 60 Томахавк ракети на базата на сириската авијација ал-Шајрат во провинцијата Хомс, од каде сириската војска во вторникот наводно извршила хемиски напад во цивилите во Идлиб.

Само што стана потешко да се бориш против ИСИС

Позитивното во американското ракетирање на Сирија според Енрду Ексум од Атлантик е што сега САД имаат посилна преговарачка позиција, негативното е што САД самите на себе си ја отежнаа борбата против најголемата терористичка закана во светот.

Неколку работи по американското бомбардирање на Сирија

По наредба на американскиот претседател, и без никаква дозвола или одобрување од О.Н., два американски воени брода во источниот Медитеран - УСС Портер и УСС Рос - испукаа 60 крстосувачки ракети на Сирија, конкретно на воздушната база Шајрат, затоа што Трамп одлучил дека тоа е во согласност "со виталните американски национални безбедносни интереси".

Тереза Меј без покривање во Ријад

Британската премиерка е во посета на Саудиска Арабија која е уште една држава со која ќе мора од ново да преговара трговските договори и придружни ставки што ќе им затребаат по излегувањето од ЕУ. Иако битна средба, премиерката решава дека нема да тера туѓи мераци.

23-те збора на Тилерсон за Северна Кореја

Традиционално по неколку месеци силење Северна Кореја имаше уште едно лансирање на ракета со среден домет. Вон сите традиции од кога се памети за спорот, државниот секретар на САД имаше пократка реакција на ова отколку воведот на текстов.

Како Русите се навикнаа на тероризмот

Како што човек се навикнува на сè останато, ако го има премногу тогаш веќе престанува да е страшно.

Шинзо Абе ќе падне заради градинка?

Деновиве во Јапонија требаше да биде отворено ново основно училиште поддржано од премиерот Шинзо Абе и неговата сопруга. Училиштето кое требаше да го носи името на премиерот, пред некое време беше спомнато како спорадична вест. За краток период целата работа стана национален скандал кој може да го собори јапонскиот премиер.

Америка веќе не бара соборување на Асад

Долго време главен приоритет на САД во Сирија беше соборување на актуелниот претседател. Токму таквото инсистирање него да го нема во равенката за излез од хаосот многукратно ја искомплицира целата ситуација. Сега не им било тоа најважно.

Бегството од Мосул

Ирачките цивили во западен Мосул веќе не ни чекаат пауза во баражот, затоа што не ни има, туку едноставно тргаат кога лично ќе одлучат дека можат, пишува за Њујорк тајмс фотографот Ивор Прикет, кој три недели беше сместен на фронтот во Мосул.

Что думали, что получилось

Промосковскиот политичар чиј потпис формално ѝ го предаде Крим на Русија, три години подоцна вели дека не се кае за тоа, ама не е тоа тоа што луѓето го очекувале.

Трамп на Меркел ѝ испринтал фактура колку должи за НАТО

Сите се колнат во НАТО, ама никој не сака да плаќа за него (слично важи и за ОН). Ама онаа будалетинка Трамп баш тоа ѝ го приредил на Ангела Меркел. Направил фактура колку Германија има заостанат долг кон алијансата и ѝ ја предал. А долгот е боли глава.

Пишманот на Бајден

За време на говор во колеџ во Њујорк, поранешниот американски претседател им се отвора на студентите дека сепак му е жал што не се кандидирал за претседател на САД, порачувајќи „можев да победам“.

Африкански самит без Африканци

Аамит за Африка одржан во САД минал без ниту еден делегат од Африка. На сите што се пријавиле за учество на самитот од тој континент, САД одбиле да им дадат визи.

Како Вилдерс победи така што изгуби

По ЕУ ходниците со олеснување се примија резултатите од изборите во Холандија бидејќи Трамповизија - барем за сега - не се прелеа и на стариот континент. Но, либералите повторно извлекуваат погрешни заклучоци. Дури и братот на поразениот Вилдерс вели дека ваков исход му одговара на Герт и е токму тоа што очекувал.