Иницијативата е на Централниот комитет на Комунистичката партија, еден од највисоките органи, и таа најверојатно ќе биде одобрена од сите органи низ кои треба да мине одлуката.
Првите години по доаѓањето на власт во 2013, Џинпинг почнува да ја консолидира својата моќ и влијание во земјата. Двете главни стратегии низ неговото владеење се борбата против корупцијата, во која беа уапсени илјадници функционери од најразлични нивоа на власта, вклучувајќи и директни ривали на Кси, и изградбата на Новиот пат на свилата, кој треба да ја поврзе Кина со остатокот од светот.
Претседателскиот мандат во Кина трае 5 години а едно лице може да владее максимум 2 мандата. Ограничувањето е воведено од поранешниот кинески лидер Денг Ксиаопинг како заштита на системот од неограничени мандати на идни лидери. Повод за ваквата одлука на Ксиаопинг е долговечноста на владеењето на неговиот претходник, Мао Це Тунг, кој владееше со Кина од 1949 до својата смрт во 1976-та.