Русија официјално ги обвини САД дека планираат да ја поделат Сирија

Без да ги наведува изворите, рускиот министер Лавров објави дека знаат за плановите на САД за поделба на земјата и дека ќе разговараат со Американците околу ова.

„Многу е веројатно дека Американците заземаа курс кој води кон поделба на земјата.

Тие ги напуштија ветувањата што ни ги дадоа дека единствена цел на нивното присуство во Сирија - без покана од легитимните власти - е да го поразат ИСИС и терористите.

Сега велат дека нивното присуство ќе остане се додека не се осигурат дека Сирија почнала одржлив процес на политичко помирување, кое треба да резултира со промена на режимот,“ изјавил Лавров.

САД моментално имаат 2.000 војници на територија на Сирија, а во декември Пентагон објави дека тие ќе останат таму се додека е потребно „да се поддржат нашите партнери и да се спречи враќањето на терористите.“

Ројтерс неодамна објави дека Армијата за слободна Сирија се обидува да ги убеди американците да повторно да ја оживеат програмата на ЦИА со која се обезбедуваше пари, оружје и обука на „умерените“ бунтовници.               

9 февруари 2018 - 09:53