Според германските медиуми бројот на случаи се има зголемено за два пати. Внатрешната контрола на армијата моментално разгледува 431 случај, споредено со 275 минатата година во ова време.
Оваа бројка значително се разликува од она што минатата година го пријави комесарот на германскиот парламент за вооружени сили, Ханс-Петер Бартел, според кој имало само 162 вакви случаи. Меѓу неговите случаи најголем дел се војници кои извикувале слогани на Хитлер, цртале свастики или слушале крајно десничарска музика. Меѓутоа има и случај на војник кој за време на часовите по политичка едукација бегалците ги опишал како напаст која треба да се истреби, и друг кој на своите потчинети им раскажувал дека кога бил распореден во Мали им ги „разнесувал главите на Африканците.“
Галамата околу ова ја крена опозициската Левичарска партија, според која растот на пријавените случаи е затоа што се повеќе војници повеќе не се волни да молчат за „крајно десничарското однесување на нивните соборци“. Она на што целат од партијата се командантите, кои според нив се „премногу благи“ и бараат оние што „пишуваат свастики да бидат отстранети и дека тие не треба повторно да завршат со оружје во рака.
Бундесверот моментално има 180.000 активни војници, вклучувајќи 61.000 во армија, 28.000 во авијација и околу 16.000 морнарица. Во нивните редови има и 39.000 цивили.