Во масакрот од 1-ви октомври убиени се 59 луѓе, а 851 се повредени (од нив 422 ранети од оружје).
На ова, според снимките, му претходат неколкудневни подготовки во кои убиецот прави залихи од оружје во својот апартман во Мандалеј беј.
Сето ова минува без ни најмал сомнеж од персоналот на хотелот, кој несвесно му помага во транспортот на торбите со оружје во текот на неколку дена.
Речиси половина година по масакрот се уште не е познат мотивот на убиецот.