Единаесетмината се дел од група од вкупно 15 луѓе, кои беа обвинети за претепување демонстранти (претежно Курди и Ерменци) во Вашингтон за време на посетата на Ердоган. Од тепањето, пред очите на турскиот претседател, 9 лица од демонстрантите завршија во болница. Меѓу ослободените е и шефот на обезбедувањето на турскиот претседател.
Верзијата на американските власти е дека никој не извршил притисок врз американското обвинителство за ослободување на обвинетите.
„Туку, одлуката е резултат на тоа што властите погрешно идентификувале некои од обвинетите, а против некои не успеале да соберат доволно докази,“ ја пренесува Вол стрит журнал изјавата што американските власти ја даваат со целата своја сериозност.
Она што е карактеристично за инцидентот во Вашингтон е што беше снимен од речиси секој можен агол, на ниво на УФЦ борба за трофеј, со јасна препознатливост на сите учесници.
Додека е во Анкара, Тилерсон на турските лидери им посочил на одлуката на американското обвинителство да се откаже од обвиненијата, како пример за тоа дека САД работат на смирување на недоразбирањата со Турција.
Турската верзија на настаните е дека анти-турските демонстранти ги нападнале про-турските симпатизери, па обезбедувањето на Ердоган морало да интервенира и да ги заштити затоа што американската полиција ништо не преземала.
За останатите четворица телохранители обвиненијата се уште остануваат.