Во раните утрински часови биле слушнати експлозии во Дамаск и на две локации близу градот Холмс. Сириски извори тврдат дека успеале да уништат дузина ракети, дека оштетена е само локацијата во Дамаск а во Холмс има неколку цивилни жртви.
Американскиот претседател првично изјави „подготвени сме да ја задржиме оваа реакција додека сирискиот режим не престане да употребува забранети хемиски средства“, но подоцна секретарот за одбрана Џим Матис порача „сега ова е еднократен удар“ а шефот на генералштабот, генерал Џозеф Данфорд, потврди дека нападот е завршен.
Данфорд порача дека САД педантно одбрал мети чиј напад би „минимизирал“ руски загуби на теренот но тврди дека Русите однапред не добиле листа и сценарио на нападот.
Рускиот амбасадор во САД Анатолиј Антонов потсети на предупредувањата дека напад нема да мине брз последици.
Премиерката Тереза Меј го потврди британското учество во нападот велејќи дека немало друга алтернатива освен да се употреби сила. Истовремено, порача дека нападот на сојузниците нема за цел „да го смени режимот“.
Францускиот претседател рече дека со хемискиот напад во Дума во кој настрадаа дузина мажи, жени и деца, Асад ја пречекорил црвената линија.
Нападот е најголемата воена интервенција на Западните сили против Асад во седумгодишната граѓанска војна во Сирија. Поголем е од оној од пред една година кога беше ракетирана воздушна база на владините сили. Тогаш биле потрошени 59 ракети, овојпат двојно повеќе.
Сирија негира дека извела хемиски напад за кој немала никаква тактичка, воена или политичка причина.
Шефот на руската дипломатија вчера соопшти дека Москва поседува несоборливи докази дека специјалните сервиси на неколку држави кои шират русофобија се извршители на намештаљката со инсценираниот хемиски напад во Дума.
На такво сценарио предупреди руски генерал еден месец пред да се случи компликацијата која светот го носи на раб на нова светска војна: