Сергеј Лавров оценува дека моменталните односи меѓу Истокот и Западот се полоши од оние за време на Студената војна а за тоа ги обвинува „лудите и ужасни“ провокации од Запад кои се темелат на „лаги и дезинформации“.
Тој потсетува дека поранешниот генерал полковник кој ја предаде својата земја, пред 8 години беше пуштен од руски затвор каде одлежуваше доживотна казна заради велепредавство. Негото пуштање беше дел од договор за размена на шпиони меѓу Вашингтон и Москва, по што на Скрипал и семејството им беше даден азил во Велика Британија.
„Ако имавме било какви планови за тој човек, немаше да го разменуваме“, вели Лавров.
Скрипал и неговата ќерка Јулија беа отруени во Салисбури а индициите велат дека во таа акција е користен нервен отров карактеристичен за руските тајни служби. За оние кои се резервирани кон тврдењата на Запад, особено во светло на минатите војни и страдања (некои од нив оправдани со „факти“ за хемиското оружје на Садам кое никогаш не беше пронајдено), дури и тој податок е контроверзен: зошто Русите би решиле да користат отров кој со прст покажува кон нив?
Лавров оценува дека дури и за време на Студената војна постоеле некои правила, усул и пристојност кои сега ги нема на меѓународната политичка сцена.