Таг: скрипал

Нервното шоу мора да продолжи

Откако во духот на велигендското чудо шпионот Сергеј Скрипал и неговата ќерка мистериозно закрепнаа (ваистина закрепнаа) од нервниот гас кој, кога требаше, беше „десетпати појак од кој било друг нервен отров на светот“, рефлекторите на западнoтo внимание предвидливо се свртеа на сосема друга страна. Сега рускиот сојузник Асад труел непријатели со нервен отров. Зошто? Е зошто де?   

Борис Џонсон ја изрезили Британија околу Скрипал и Русите

Во март британскиот министер за надворешни работи во интервју за Дојче веле потврди категорично, неодречиво и „со златни букви Тито“ дека отровот што е искористен против Скрипал доаѓа од Русија и дека тоа му го потврдиле од лабораторијата што испитувала. Не му го потврдиле.

Лавров: Што би го труеле Скрипал кога го пуштивме од затвор?

Шефот на руската дипломатија вели дека Кремљ нема никаков мотив или интерес да го елиминира Сергеј Скрипал. Тој не гледа друго објаснување освен дека на британската влада ѝ бил потребен голем скандал за да го оттргне вниманието на јавноста од проблемите со Брегзит.