Црниот есап на еден шериф

Поскапо е да не убиеш човек, отколку да го убиеш

Финансиски е подобро да убиеш осомничен отколку да го осакатиш, објаснува шерифот на округот Керн во Калифорнија. Во останатите вести, округот Керн има највисока стапка на убиства од полицајци во цел САД.

Изјавата на шерифот Дони Јанглблад, доаѓа од средбата со локалната полиција во 2006 за време на неговата кампања за првиот мандат за шериф на Керн.

„Знаете што ќе се случи ако некој лошо пука во некого и го убие? 3 милиони долари и семејството ќе го снема по некое време тегнење натаму наваму.

Што мислите дека е финансиски подобро за округот - да ги оставиме инвалиди или да ги убиеме?

(Некој од присутните дофрла ’да ги убиеме’) Апсолутно. Затоа што ако ги осакатиме ќе треба да се грижиме за нив до крајот на животот. А така трошоците само ќе растат,“ објаснува Јанглблад.

Според Гардијан во округот Керн во 2015 полицијата има убиено 13 луѓе. За време на истиот период њујоршката полиција во цел Њујорк има убиено 9 луѓе. Њујорк има речиси 10 пати повеќе жители од округот Керн и 23 пати повеќе полицајци.

Јанглблад е шериф на округот Керн повеќе од една деценија, и годинава повторно се кандидира за реизбор.

 

11 април 2018 - 15:20