1. Абу Џана (од горе лево)
- штека Винстон цигари
- жолти пластични кеси за чување документи
- дебел селотејп за кесичките да бидат водоотпорни
- лимони, за спречување морска болест
- ласерско пенкало, за сигнализирање на бродовите што минуваат во случај на бродолом
- завој
- урми
- официјални документи за неговото семејство
- крема за заштита од сонце
- апчиња против болка
- резервна облека
- појас за спасување
Торбата е на 35-годишниот поранешен армиски офицер Абу Џана.
"Од сите работи во неа, ретко која толку многу кажува за патувањето како ласерското пенкало...
... Тоа зборува дека тој е свесен дека ризикува да се удави. И ако во најголемата темница тој заврши меѓу брановите, тој сака некој да може да го види - за што ќе му се најде зелениот ласер," пишуваат Патрик Кингсли и Сима Диаб во текстот за Гардијан.
Џана од Сирија пребегал во Египет, и иако еднаш бил фатен во обидот да стигне до Европа, тој не ни помислува да се откаже:
"Да ви кажам нешто. Дури и ако Европа одлучи да ги потонува сите мигранстките бродови, пак ќе има луѓе што ќе бегаат со бродови, затоа што тие и онака веќе се чувствуваат како да се мртви. Во моментов Сиријците се сметаат себе си за мртовци. Можеби не физички, ама психолошки и општествено Сириецот е уништено човечко суштество, тој е стигнат до точка на смрт. Па мислам дури и да решат да ги бомбардираат мигрантските бродови тоа нема да ја промени одлуката на луѓето."
2. Низар
- Употребен појас за спасување
- Пасош
- Женсен
- Панадол (парацетамол)
- Таблети против морска болест
- Урми
- Мобилен телефон
- Рачна ламба
- Дипломата за електричар
- Дипломата од средно
- Докуметни за семејството
39-годишниот електричар минатата година е уапсен на египетскиот брег додека го чека пристигнувањето на шверцерските бродови. Цело семејство завршува во притвор, "ама оваа траума всушност е благослов за нив: бродот на кој што требаа да се качат, подоцна потона, а неговите 500 патници се удавија."
"Низар вели дека ризикот од давење не е ниту фактор во носењето на одлуката. Минатата година пред да тргне на пат, тој објаснува дека воопшто не знаел дека има операција за спасување, 'се што знаев е дека треба да стигнеме до Лампедуса и да продолжиме од таму.'
Тој вели дека морето едноставно е единствената реална рута до безбедноста. Сите други арапски држави им ги затворија своите врати на Сиријците, а Европа не обезбеди легален метод за пристигнување до нејзините брегови. Низар заклучува 'имаме реалност која ни беше наметната,'" стои во текстот на Гардијан.
3. Хутхајфа
- Црна ветровка, за да му држи топло
- Шише вода, кое треба да му трае за време на 1-неделниот пат
- Пасош
- Документи кои потврдуваат дека служел воен рок
21-годишниот готвач не носи многу со себе, затоа што најголемиот дел го остава во Сирија. Тој прво заминува во Либан, каде останува неполна година, ама заради мизерни услови решава да се пресели во Египет. За да влезе во Египет мора да даде мито за да добие виза. Кога е веќе тука не наидува на ништо подобар третман од локалците отколку во Либан.
Сега одлучува парите што му останале да им ги даде на шверцерите за да го пренесат до Европа.
4. Ахмед Абу Зеид
- Појас за спасување
- Шешир за сонце
- 12 шишиња вода
- 3 штеки цигари
- Месен нарезок, леб и урми
- Пасош
- Таблети против болка
- Таблети против морска болест
19-годишниот продавач е дојден со многу повеќе багаж, меѓутоа најголемиот дел го губи минатата година за време на еден не успешен обид за заминување со брод.
"Ама не се плашам. Стигнав до точка кога знам дека можам да умрам на море и подготвен сум да заминам дури и на парче дрво, затоа што животот е толку тежок... Заради околностите во кои живееме веќе четири години, веќе излеговме од фазата на страв, нема веќе страв во нашите срца," вели Абу Зеид, објаснувајќи дека воопшто не му е гајле што Европа ги прекинала спасувачките мисии.