„Ни еврото ни Украина не е се кризи каква што е мигрантската“, оценува политологот Иван Крастев за Ди Велт. „Таа криза разгорува конфликт меѓу источна и западна Европа и континентот доживува конзервативен пресврт,“ пренесува Вечерњи лист.
Велика Британија излегува од Унијата после референдумот кој беше силн обоен со мигрантското прашање, Италија избра мелтинг пот влада од секакви популисти, анти-имигрантските движења се во полн замав во речиси сите европски земји, Меркел е ослабена и замалку ќе ја изгубеше позицијата а од преку барата Трамп го разгорува огинот оценувајќи дека Европа згреши што за кратко време прими толку многу бегалци кои ја сменија сликата и културниот релјеф на континентот.
„Ќе успееме,“ порачуваше Ангела Меркел кога беше под најсилен удар на критиките но оттогаш и самата го ублажи оптимизмот, видливо поострувајќи ги критериумите за влез во земјата, така што, ако во 2015 и 2016 во земјата влегоа милион бегалци, годинава тој број веројатно ќе биде помал од 200.000. Слично е и во остатокот на ЕУ каде лани бројот на баратели на азил падна на 650.000, благодарејќи и на разнишаниот но сè уште жив договор со Ердоган да ја држи славината затворена.
„Имигрантското прашање и натаму е најголемиот предизвик за Европа,“ оценува професорот Стефан Лен од фондацијата Карнеги. „Сè поголем број традиционални влади се хранат со анти-имигрантски сентименти и тој тренд може силно да се одрази на резултатите од европските избори догодина".
Загриженоста ја споделува и британскиот историчар Најал Фергусон оценувајќи дека наместо кон единство, мигрантската криза ја одведе Европа во поделби бидејќи секоја земја сака да го задржи правото сама и на свој начин да се справи со проблемот.
„Сè повеќе мислам дека идните историчари ќе гледаат на мигрантското прашање како на фатален удар за Европската Унија а на Брегзит како на негов прв знак,“ прогнозира Фергусон.