Ако си против целата приказна со рециклирањето, ти си еколошки неодговорен и генерално морално инфериорен (читај: лош) човек. За таков те прогласуваат оние кои на сите ѕвона промовираат рециклирање на сè и сешто, од метал и стакло, до храна. Но дали сето тоа е само непотребен притисок, кој нема никаква економска оправданост?
Чеченскиот претседател најави дека ќе избере помошник преку телевизиско реално шоу. Ќе имало свадба, 24 часовни задачи, ќе се снима по планини, само за да се одбере "најдобриот помошник за најдобриот претседател".
Експертите тврдат дека во најголем дел политиките што ги предлага Трамп се погрешни, јавноста му дава мнозинска поддршка на Трамп. Експертите тврдат дека напуштањето на ЕУ ќе биде катастрофално, ама гласачите сепак се одлучија на брегзит. Експертите предупредуваат од опасноста од климатските промени, ама сепак голем број луѓе веруваат дека климатските промени не се вистински.
Аналитичарите и медиумите до сега прописно ги истранжираа резултатите од британскиот референдум по сите можни демографски линии. Останува уште да видиме како гласаа Џедаите. Не се многу, ама, со нив е Силата.
Одредени делови на главниот град на Кина годишно тонат по 11 сантиметри во земја, покажува студија во која локални експерти анализираат сателитски слики од градот.
Вашингтон пост на своите американски читатели им објаснува седум причини поради кои на некои Европјани им се дига коса на глава кога ќе слушнат Европска Унија.
Постарите британски гласачи на Брегзит ја искористија својата клучна биолошка предност над младите: какво и срање да направат, помалку време ќе мора да живеат со тоа.
Околу 500.000 сопственици на дизел Фолксвагени ќе добијат меѓу 1.000 и 7.000 долари да ја средат машината која досега лажно им покажуваше дека е нежна кон околината.
Како што изминативе години дебатата околу мигрантите успева да проникне во секоја можна тема што ќе се најде на дневен ред во Британија (а и општо во Европа), така се намалува и трпението на "публиката" околу информациите што се шират како факти за мигрантите.
Наместо сериозно да ги разгледаат опасностите од Брегзит, многумина во ЕУ се однесуваат како членови на богато семејство кое е на добар пат да изгуби некој богат роднина, ментално делејќи го нивното наследство пред тестаментот воопшто да биде прочитан, пишува Фабрцио Коричели, професорот по економија на Париската школа за економија.
Пушката, која во основа е армискиот М16 без опција за автоматско пукање (иако и тоа може да се модификува), беше изборот на убијците од Сенди Хук до Аурора, Сан Бернардино и пред некој ден Орландо. Оружјето најлегално може да го купи кој било Американец во која било продавница за оружје.
Кога во јануари 1793, Луј XVI кратко пред да му ја отсечат главата порачува "умирам невин за сите наводни криминали што ми ги припишуваат," тој нема поим дека една од основите на неговата несреќа (меѓу другото) е нешто што се нарекува Ел Нињо.
Американски сенатор во обид да го присили Сенатот да дебатира за контрола на оружјето одржа 15-часовен говор. До крајот на говорот, од 11 часот во среда, до 2 часот наутро во четврток, во Сенатот Републиканците се согласија да се дебатира за контрола на оружјето, а во САД 48 лица беа застрелани со огнено оружје.
ИААФ одлучи дека руските атлетичари не ги исполниле критериумите за укинување на суспензијата која следуваше по скандалот со масовното допингување со мелдониум, заради што забраната за натпреварување ќе им важи и за време на ЛОИ 2016.
Бидејќи ако им се верува на анкетите пост-ЕУ Британија станува се поверојатна, Гардијан ги спрема своите читатели за земја "без полски водоинсталатери, без патување до Кале по алкохол и без потреба да учат странски јазик".
Како што цената на златото изминатава декада е во постојан раст, а они веќе имаат на располагање работна сила, пари и вработени што радо ракуваат со оружје, наркокартелите се одлучија да се пробаат во бизнисот со нелегално ископување злато.
Француското обвинителство објави дека околу 150 Руси се одговорни за најголемиот дел од насилството што се случи во Марсеј пред натпреварот од Еуро 2016.
Иконската фотографија од Хилари Клинтон од 2011 како го користи својот Блекбери додека е на воен авион инспирира еден службеник во американската администрација да провери дали Клинтон го користи својата @state.gov меил адреса. По ова започнува меил скандалот на Хилари.
Ставот е дека американската индустрија за испитување на јавното мислење последнава деценија е во сериозна криза и станува се полоша во предвидувањата за наклонетоста на земјата на изборите. Уште на почетокот на партиските избори во САД, "секој што работи во политиката знаеше дека индустријата задолжително ќе се посрами во текот на годината. Прашањето не беше дали, туку колку."
На 74 годишна возраст почина Мухамед Али, најголемиот на сите времиња. Почна како Касиус Клеј, продолжи како Мухамед Али но без разлика на името и на верата, секогаш му беше јасно што му е кармата: "Тревата расте, птиците летаат, јас тепам."