Разно

Балканство од длабочините на ЕУ

За време на расправата околу малтешкото претседателство со Унијата, претседателот на Европската комисија, Јункер, го нарече Европскиот парламент "смешен", откако во салата не се појавија ни 5% од парламентарците.

На Африка и е доста од Маршалови планови

Проблемот со странската помош во кој и да е сегмент, без разлика дали добронамерна или таргетирана од конкретни внатрешни побуди, е што само го шминка и маскира проблемот, наместо суштински да го реши. И додека низ Европа таквата пракса може ги спречи медиумите и невладината сфера сами да се изградат и да создадат имунитет, во Африка тоа резултира со распадната економија, уште поголема задолженост, глад и смрт.

На западните шпиони им се темни што Трамп треба да се види со Путин

Расипан телефон низата по која доаѓа информацијата е Москва > европско разузнавање > американски експерти > американски медиуми, а исходот е: Дејли бист пренесува дека американски експерт им пренел тврдење од европски функционери дека Москва очекува нивниот лидер да истресе купишта доверливи информации од Трамп.

#Свестетесе!

Алекс Џонс, прототип за сеопфатна човечка мизерија, кој би да сее беда и мрак сè додека сите не почнат да се чувствуваат мизерно барем колку него, пред некое време во својата емисија имаше гости што тврдат дека НАСА на Марс има колонија со киднапирани деца робови. И сега НАСА ни крива ни должна, заради тинтрање на јавноста, губи време на демантирање.

Американски контра-отпор преку нишан

Кој ќе тргне на твојот претседател и на твоето оружје со протести, ти дочекај го со пушка во рака, отприлика е повикот од новата реклама на американското здружение на сопственици на оружје (и индустрија за продажба на оружје), НРА.

На Меркел ѝ е преку Трамп (и брегзит)

Жената што како светски лидер е препознатива по својата смиреност изгледа како да ги потрошила и последните резерви разбирање за „одметнатите“.

Драмата околу организацијата на погребот на Хелмут Кол

Договорено е дека германскиот канцелар Хелмут Кол ќе биде испратен во ковчег покриен со знамето на ЕУ на голема европска комеморација која ќе почне во Стразбур, и на која говори ќе држат Меркел, Макрон и Јункер. За малку ништо од ова немаше да се случи, и наместо овие говор ќе држеше Орбан.

Каде одат парите од донации собрани после трагедија?

Во минатогодишниот масакар во геј-клуб во Орландо беа убиени 49 луѓе а 60 беа ранети. По ова, од онлајн донации, две организации собраа речиси 32 милиони долари. А кај се двајца, таму е и поделбата.

Ни викендот не го тераме како што треба

Петок после работа се договараш на пијачка и 40 часа подоцна, во недела пред пладне, ги даваш првите знаци на свесност, сфаќаш дека ти го контролираш движењето на екстремитетите и почнуваш свесно да размислуваш. И како што и тебе ти станува јасно во тој момент на освестување, ова е скроз погрешно.

Турци нон-грата

Додека се спремаат за традиционалното насилство за време на самитот на Г20, германските власти паралелно направија список на телохранители на Ердоган кои во тоа време нема да смеат да припарат во Хамбург во каква било функција.

Зошто Саудијците го сменија наследникот?

Минатонеделната вест од Блискиот Исток е дека саудискиот крал го отпушти својот внук (од брат) Мухамед бин Најеф од сите позиции во кралството, вклучително и наследник саудискиот трон, и на негово место го постави својот син, 31-годишниот Мухамед бин Салман.

Кога низ Рим ќе врвите, во фонтани да не влагате

Италијанските медиуми во последно време зборуваат за "Новите варвари" и без разлика како наликува името не станува збор за луѓе дојдени во Италија со целиот имот на грб и последните пари во џеб, туку за добро ситуирани луѓе, со неограничен капацитет тупење, непочитување и барање нешто поевтино - туристи.

Дали е важно ако Русите го убиле Багдади?

Руската армија од 16-ти јуни е на став дека во бомбардирањето на Рака го има убиено лидерот на ИСИС и човекот што го прогласи калифатот - Абу Бакр ал Багдади. Веста уште чека потврда, а и Русите уште работат на собирање посилни докази. Во меѓувреме Форин афеарс проверува што би значело за ИСИС ако ова излезе дека е точно.

Турските училишта ќе престанат да предаваат еволуција

По зборовите на претседателот на турскиот борд за образование, темата е премногу спорна, контроверзна и комплицирана за учениците, заради што повеќе нема да биде дел од образованието во Турција.

ХБО заврши со тужба за мрчењето на Џон Оливер

Во 24-минутниот сегмент посветен на индустријата за производство на јаглен и плановите на Трамп поврзани со истата, Џон Оливер дигна на клоци се што најде пред себе, те претседателот, те индустријата, те гигантите за ископување јаглен. Една од овие компании инстантно одлучи да го тужи ХБО, затоа што според нив не е баш сè како што збори Џон Оливер.

САД бескорисно потрошилe 28 милиони долари на униформи за авганистанската армија

За САД не е толку проблем парите што се дадени, колку што за Авганистанците е проблем што со парите се купени маскирни униформи со шара за шума, а во земјата само 2,1% од територијата има шума.

Како Трамп ги собра гласачите на Обама?

Утехата во текстот за Слејт е дека на Трамп ова нема да му успее следниот пат.

Тајните на шпионот што заврши во торба

Во август 2010 во спортска торба во Лондон беше откриен труп на шпион на МИ6. Полицијата процени дека смртта "најверојатно била несреќен случај". За разлика од нив тајните служби на Британија и САД тврдат, врз основа на тајни податоци, дека тој е убиен заради неговата работа на Русија.

Кога и фавелите се прескапи

Градските власти во обид да ги подобрат условите во фавелите, ненамерно го пореметија пазарот така што цените во фавелите на Рио растат. Автоматски, сиромашните во чие име се правеа подобрувањата, сега мора да се селат на бетер места.

Само масовна депортација може да ја спаси Америка

На тема имиграција, запишете го овој конзервативен колумнист како силно про-депортација. САД имаат премногу луѓе кои не работат доволно напорно, не веруваат во Господ, не придонесуваат многу кон општеството и не ја ценат големината на американскиот систем, пишува колумнистот на Њујорк тајмс Брет Стивенс.

Како популистите победуваат кога ќе изгубат

Се до мартовските избори во Холандија популистичкиот бран, или како што Фараж го нарече "цунами", изгледаше незапирлив. Сега, бранот одеднаш се повлече: по големата победа на Макрон на француските претседателски и парламентарни избори, ние наводно живееме во "пост-популистички момент", пишува професорот по политика на Принстон Универзитетот, Јан Вернер Милер.

Дали во сириската пустина следува битка меѓу иранските сили и американската војска?

Додека курдските сили од два правци јуришаат на Рака, престолнината на ИСИС, аналитичарите забележуваат дека на југот од земјата се отвора простор за најголемиот судир во досегашниот тек на војната во Сирија.

Џабе ви се сини шлемови

Реакцијата на Обединетите нации за време на војната и масакрите во Босна во 90-те беше усвојување резолуција за наметнување санкции на соседите на БиХ, кои ги предизвикаа овие страдања. Ова во ниту еден момент не доведе до наметнување мир.

Прави сине клик-фарма, за да не се мачиш како мене

Во Тајланд се уапсени тројца мажи, Кинези, за отворање и работење на клик-фарма со над 340.000 СИМ картички и 450 Ајфони.